Вашиот глас Литература Проза

Патоказ – Атанасовска Ема

Животот е полн со изненадувачки предизвици. Понекогаш те тера да се бориш, да загризеш цврсто, да се држиш да не паднеш, да се бориш за тоа што навистина го сакаш. Животот ни е патоказ за тоа како треба да живееме, да се сакаме и помагаме во лошо и добро време.

Секогаш ќе постојат лоши и добри мигови, стануваат дел од нашиот живот и реалност и не учат да бидеме похрабри и издржливи личности кои можат да поминат низ сè. Секогаш ќе постои патоказ, правец по кој Вие ќе одберете да се движите, по лош или добар.

Животот враќа сè, така како што тркалото се врти. Кога правите добро и добро ви се враќа. Кога некој посакува лошо и се свиди на туѓа несреќа дупло ги плаќа грешките. Животот е полн со изненадувања, ќе ви се врати толку многу колку што ни самите не можете да си замислите.

Затоа што во животот вие самите го правите правецот по кој ќе чекорите, одберете тоа што вие го посакувате, да бидете среќни и да уживате во убавите моменти. A, луѓето секогаш ќе бараат причина напразно да ве озборуваат зад грб и да ве тапкаат по рамо. Бидете различни, посебни, а не како другите бидејќи не секој може да биде како ТЕБЕ.

Автор: Атанасовска Ема

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје