Според Шарл Бодлер, само уметниците знаат да го дешифрираат значењето на овие врски што му овозможуваат на човекот да премине од светот на перцепциите во оној на идеите.
„Созвучја“ е лирска песна во форма на сонет со обградена рима во 1 и 2 строфа и вкрстена рима во 3 и 4 строфа. Исто така наречена и „Синестезии“, „Созвучја“ ја означува врската помеѓу материјалниот и духовниот свет.
Во оваа лирска песна преовладува природата над човекот. Во првиот катрен поетот ја опишува врската меѓу човекот и природата.
Уште во првиот стих поетот користи метафора „Природата е храм“, и тоа со религиозна конотација.
Во втората строфа поетот укажува на конфузијата која постои меѓу човекот и природата.Користи антитези за да создаде уште поголема конфузност (светлина и ноќ).
Природата постојано испраќа сигнали кои човекот мора да ги дешифрира.
Во целиот текст се истакнува духот на петте сетила:
– вид (гледа, познат изглед, бои)
– слух (одек, звуци)
– допир (мек)
– мирис (парфем, килибар, миск, темјан“)
– вкус (детска кожа)
Уживајте во читањето на оваа убава песна и разбудете ги вашите сетила:
Созвучја
Природата храм е во кој столбови се редат
што се живи и зборови испуштаат матни.
А човекот низ шума е патник
и тие со познати погледи го гледаат.
Како кај звук кој во далечината е роден
Се меша со друг, стопувајќи се со кругот
На светлината и ноќта, така едно в друго
Бои, мириси и звуци наоѓаат одек.
Постојат мириси свежи како детска кожа
Благи како обоа, зелени како поле,
А и други, расипани, богати, што можат
Во бесконечност растеж да имаат волен
Како амбра, миск, темјан, низ кои не се знајни
На духот и сетилата односите сјајни.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.