Литература Проза

За тебе – Марија Стојановска

Пази сега ова.

Читај добро.

Животот е таков. Нема реприза. Има само продолжение.

И немој да ти текнело баш тебе да го упропастиш твојот за да го подобриш животот на другите.

Немој да ти текнело твојот сон да не го оствариш зошто ” овај ” или ” онај” кажал два три грди зборови. Немој девојко да правиш такви работи.

Едноставно само продолжи по патеката сама, но сигурна.

И не им обрнувај внимание на зборовите што ги кажуваат другите. Ама запомни.

Дека ти си родена за ова и дека ниту твоите килограми ниту твојата убавина ниту твојата висина не е пречка за да успееш во животот.

Во суштина, ти, со секоја маана си само повеќе совршена. Имаш таква доблест како ниту еден друг човек до ден денес.

Ајде девојко. Оди, напред. Заслужуваш. Мораш.

Автор: Марија Стојановска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје