Литература Мисли и цитати

Цитати кои ќе ве натераат веднаш да земете книга во раце

Се надаваме дека со цитативе ќе ве инспирираме да читате и да земете во рака некоја стара добра книга која можеби сте ја заборавиле на некоја од вашите полици!

Не постои поубав мирис од мирисот на стара, добра книга.

Соба без книги е како тело без душа.

Книгите се огледала, во нив го гледате она што веќе го имате во себе.

Читањето е како сонување со отворени очи.

Не постои полојален пријател од книга.

Можеби не постојат подобро исполнети денови од нашето детство, од оние поминати со омилената книга.

Читаме за да знаеме дека не сме сами.

Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе се погрижи за останатото.

Добра книга секогаш ќе те исцрпи до крајот, бидејќи ќе проживееш неколку животи пред да ја завршиш, читајќи ја.

Книгите се добро друштво, во тажни времиња и во среќни времиња, бидејќи книгите се луѓе – луѓе кои успеале да останат живи криејќи се меѓу кориците на книгата.

Знаете дека сте прочитале добра книга кога ќе ја свртите последната страница и се чувствувате како да сте изгубиле пријател.

Мисли пред да зборуваш. Читај пред да мислиш.

Прочитајте ги и следниве цитати од Џ.Р.Р. Толкин

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје