Skip to content

Што е Данинг-Кругеров ефект и што покажале истражувањата за него?

Во животот неминовно е да се сретнеме барем со една особа која тврди дека е стручњак, дека е вешта и полна со знаење. Но, кога треба тоа значење и вештини да ги покаже, истите изостануваат. Веројатно првата мисла ви е дека сите помалку се фалат: за да создадат подобра слика за себе или едноставно за да ја прикријат несигурноста. Овие се можни објаснувања, но под нив се подразбира и намерно претерување и свест за своите недостатоци.

Што е со оние кои искрено веруваат дека многу знаат, а не е точно?

Психологијата го нуди одговорот – тие се носители на Данинг-Кругеров ефект.

Што е Данинг-Кругеров ефект?

Данинг-Кругеровиот ефект е психолошки феномен кој подразбира дека поединците со помалку знаења и вештини имаат нереално позитивна слика за своите способности во однос на способноста на другите луѓе. Оваа илузорна супериорност е облик на когнитивна пристрасност и често се нарекува „двократно проклетство“. Зошто? Бидејќи поединците не само што немаат способност за извршување на некоја задача туку им им недостига способност да ја препознаат својата неспособност поради што се јавуваат нереални позитивна верувања за себе.

Феноменот го откриле и дефинирале социјалните психолози според кои овој ефект го добил името. Тие тврделе дека феноменот не ги опфаќа само луѓето што имаат слабо развиени вештини односно недостаток на знаење. Дека може да е присутен и кај оние со многу знаење и способности.

Во случаите кај оние на кои им недостигаат вештини, нереално позитивната слика за себе е последица од мисперцепција на нив самите. Во случаите кај оние што имаат знаења, илузијата за супериорност последица е мисперцепција на другите, т.е. уверување дека во однос на нив знаат и умеат повеќе.

Што покажуваат истражувањата за овој ефект?

Поголемиот број истражувања кои биле насочени на овој ефект имале за цел да го проверат присуството на феноменот во некои групи со луѓе. На пример, едно истражување од група автори во САД потврдило дека овој феномен се јавува кај студентите по авијација. Во групата со испитаниците студенти имало такви со ниски скорови на тестот на знаење од граматика, како и тест со стручно знаење, а истите студенти го проценувале своето знаење.

Од друга страна, студентите кои добро ги направиле двата теста го потценувале сопственото знаење. Овој образец на преценување на сопственото знаење овој пат од областа на јазик (вокабулар) и логика, идентификуван е и кај студентите по психологија на еден еквадорски универзитет. Истражувањето објавено во списанието Политичка психологија имало за цел да истражи дали истиот феномен се јавува и кај граѓаните во контекст на знаењата за политика. И овде резултатите покажале дека оние поединци со умерено ниска експертиза значително го преценувале сопственото знаење.

Во желба да се провери присуството на Данинг-Кругеровиот ефект во различни опкружувања и реални животи ситуации, истражувањата се спроведени и во други области. На пример во спортот и медицината. Истражувањата доследно покажуваат присуство на овој ефект кај поединците со најниско рангирање на реална експертиза.

Интересно е истражувањето кое се занимавало со присуство на овој феномен кај таканаречните анти-ваксери (противници на вакцинирањето). Се покажало дека околу третина од испитаниците верувале дека знаат повеќе за причинителите на аутизмот во однос на лекарите и научниците. Дека ваквата претерана самоувереност во најголема мера е присутна токму кај луѓето кои не знаат доволно на оваа тема.

Секојдневни опасности поради Данинг-Кругеровиот ефект

Овој ефект може да биде иритирачки и да предизвика фрустрации кај другите луѓе. Односно да ги “загрози“ меѓучовечките односи. Особата која упорно тврди дека е компетентна, а потоа се покажува дека ја нема потребната компетенција за извршување на некоја задача, работа или секојдневна активност, може брзо да ја изгуби довербата од колегите или пријателите. Исто така ризикува да биде исклучена од заедничките работни или приватни активности.

Друга и можеби поочигледна последица е онаа која се однесува на неадекватното извршување на работните обврски на одговорни места. Замислете хирург или возач на автобус кои веруваат дека се постручни и поспособни од сите други за извршување на оние задачи од кои зависат нечии животи или сигурност. Потоа се воспоставува дека тоа верување било нереално позитивно. Претходно споменатите автори од истражувањата предупредуваат на опасност и овој ефект добро да се воочува кај идните пилоти.

Кој е заклучокот и пораката?

Без паника! Ако после овој текст почнете да се сомневате во секој којшто се фали со своите знаење не брзате со заклучоци. Данинг-Кругеровиот ефект е феномен кој може да ги опфати сите луѓе во некој момент. Некои од нас мислат да се подобри возачи, други дека се граматички покомпетентни, трети дека подобро ги разбираат луѓето. Понекогаш сме во право, а понекогаш настапува овој ефект.

Одредени го препознале значењето и опасностите што ги носи овој ефект. Се создале бројни препораки за едукација со цел да се предупреди за настанувањето на оваа неоправдана самодоверба. Вие вработените на одговорни позиции не се плашете. Кога психолозите ќе прават професионална селекција на кадрите, овој ефект нема да им се провлече.

Прочитајте го овој мотивирачки текст што ќе ве инспирира!

Напишете коментар