Месеци – Михо Атанасовски

Убава детска песничка со која вашето детенце може да ги научи месеците.

Месеци

Јануари од настинка пати,

февруари мрзне што ќе фати,

март кон сончко главата ја крева,

април килим постила од трева,

мај се смее, цветно оро води,

јуни палав, бос низ поле оди,

јули жнее, крај трактор се слика,

август сите на плажа ги вика,

септември пак в школо мирен седи,

октомври дожд од облаци цеди,

ноември пожолте сѐ  што виде,

декември со Дедо Мраз ни иде…..

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?