Занимливости и информации Македонски автори Писатели и поети

Светлана Христова – Јоциќ – македонска поетеса, есеист и писател

Светлана Христова – Јоциќ била родена во Ресен на 27 февруари 1941, а починала во Скопје на 27 април 2012 година.

Таа била македонска поетеса, есеист и писател за деца.

Завршила Филозофски факултет во Скопје.

Подолго време работела како новинар во Радио Скопје.

Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“.

Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ.

Творештво

Калесница – поезија

Скришен ковчег – поезија

Сињо – поезија

Последна битка – повест за деца

Алка за нишалка – поезија за деца

Хагада – поезија

Зачатие – поезија

Самечка ќелија – поезија

Душница – поезија

Гусларот – повест за деца

Стровиште – роман

Силенто – есперанто, поезија

С. Бесмертна – поезија

Голема молитва – поезија

На ште срце – поезија

Награди

Добитник е на наградата ,,Браќа Миладиновци”.

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје