Рацете ни играат танго,
од очите искри ни летаат
на сите страни,
избил пожар во нашите срца,
менуваме боја на лицата,
не зборуваме,
зборовите ги чуваме под јазик,
нашите погледи кажуваат сè,
околу нас мажи и жени во голем број,
но за нас како сите
да потонале во сон,
а ние сè уште сме будни,
како Бог да ни се смилувал,
па ги сопрел стрелките на часовникот,
како да дошол златниот ден,
само ти и јас,
само ние двајцата.
Светот ни вели НЕ,
вие не можете,
вие не смеете,
гради ѕидови меѓу нас,
нè влече во спротивен правец,
ние сме ко непослушни дечиња,
глумиме лудило,
светот и разумот
го ставаме на игнор,
ја трескаме жолтата врата
и клучот го фрламе во Вардар,
со брзи чекори, со надеж,
трчаме кон црвената врата,
никој ништо не ни може,
заедно сме посилни.
Светот е волшебно место
ако ме имаш мене,
ако те имам тебе,
ако не има НАС.
Марина Додевска