Луѓето си заминуваат, но важно е она што ќе ти остане од нив и што ти ќе оставиш кај нив. Битна е љубовта. Битно е љубов да остане. Од вреќата на животот љубов извади, остави нека омразата и болката те напуштат барем за миг ако веќе е невозможно нивното целосно исчезнување. Стави во овој голем котел неколку насмевки, една лажичка прегратки и многу љубезност.
Сите еден ден ќе заминат. Битното е да остане по некој спомен. Да има над кои спомени да се плаче, да има спомени да се смееме над нив. Да има по некоја фотографија каде се сите што сме ги сакале насмеани. Каде сме биле ние насмеани.
Да се паметат миговите, кога тишината ќе ги обвие срцата. Тоа е она што го прави животот, живот. Осмели се да сакаш, што понекогаш е еквивалентно со тоа да се осмелиш да ја почувствуваш најголемата болка на овој свет…
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.