Ленче Милошевска е македонски поет, романописец и преведувач. Милошевска е родена е на 7 септември 1948 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет, група англиски јазик и книжевност, во Скопје. Работи како уредник во издавачкото претпријатие „Култура“ во Скопје. Член е на ДПМ од 1999 година.
Автор е на книгите: Жедната земја моја (поезија, 1992), Кадилница на денот (поезија, 1996), Кимова слама (роман, 1997), Камени пораки (поезија, 1999), Три жени во три слики (роман, 2000). Добитник е на наградите: „Божидар Настев“, „Ванѓа Чашуле“. Поетесата испирирана од делото „За љубовта“ од Стендал ја пишува оваа прекрасна песна. Уживајте во читањето!
Стендал за љубовта
Во младоста
сакав
на Стендал
да му верувам.
Зар љубовта илузија е?
Небаре обична гранка
кога во рудник
за сол ќе падне
со бели кристали
се искитува
и така нè восхитува.
Мојата гранка е оголена,
кристалите паднаа,
но јас сè уште
безусловно
во љубовта верувам.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.