Занимливости и информации На денешен ден Писатели и поети Странски автори

Тристан Бернар – француски драматург познат по својот хумор

Тристан Бернар (7 септември 1866 – 7 декември 1947)  бил француски драмски писател, романсиер, новинар и адвокат.

Роден во евејско семејство

Роден е на денешен ден како Пол Бернар во еврејско семејство во Безансон, Франш-Комте, Францијa. Бил син на архитект. Го напуштил Безансон на 14-годишна возраст, преселувајќи се заедно со неговиот татко во Париз, каде што студирал во гимназијата Кондорсе. Бил познат по своите многубројни книжевни алумни уште во гимназиските денови. Во 1888 година е роден неговиот син Жан – Жак Бернар, исто така драматург.

Студирал право, но по воениот рок ја започнал својата кариера како менаџер во топилница за алуминиум. Во 1890-тите, тој управувал и со Велодромот на Сена  и со Велодромот Бафало, чии настани биле составен дел од парискиот живот, а редовно присуствувале личности како Тулуз-Лотрек.

Пишува со псевдоним Тристан

По неговото прво објавување во „La Revue Blanche“ во 1891 година, тој станува писател и го прифаќа псевдонимот Тристан. Неговата прва драма, Les Pieds Nickelés (Стапала од никел), доживува голем успех и станува препознатлива за стилот на неговата подоцнежна работа (пред се хумористичен стил на пишување) кој во тоа време бил многу популарен во Франција. Напишал и неколку романи и поезија.

Бернард е запаметен главно по неговите шеги, особено од неговата драма „Les Jumeaux de Brighton “ (Близнаците од Брајтон). Во 1932 година, бил кандидат за Француската Академија, но не билизбран, добивајќи само 2 од вкупно 39 гласа.

Депортиран во логор

Бил депортиран за време на Втората светска војна во логорот за депортација Дранси близу Париз. Кога агентите на Гестапо биле пред неговата врата, тој се свртил кон неговата сопруга, која плачела, и рекол: „Не плачи, живеевме во страв, но отсега ќе живееме во надеж“.

Јавниот протест за неговото затворање предизвика негово ослободување во 1943 година. Умре во Париз четири години подоцна, наводно заради неговото сместување во логорот, и беше погребан на гробиштата Паси.

Еден од театрите во Париз, кој тој го раководеше кратко се вика „Театар Тристан-Бернар“ во негова чест.

Неговите потомци се славни режисери

Неговите потомци исто така се здобија со слава. Неговиот син Рејмон Бернар стана влијателен француски режисер (користејќи како сценарија голем број дела напишани од неговиот татко), додека неговиот син JЖан – Жак Бернар објави мемоари зна неговиот татко во 1955 година со наслов Mon père Tristan Bernard (Мојот татко, Тристан Бернар).

Внукот на Тристан Бернар, Кристијан Бернар, е сегашен Император на организацијата AMORC. Еден од неговите внуци е Франсис Вебер, сценарист, режисер и драматург, чиишто филмови често се адаптираат во Холивуд.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје