Сѐ се остварува во сонот
Каде ледено, пополека се слушаат
Чекорите на ноќта
Доаѓаш со отворени очи
Како да носиш ден
Но носиш само притаени желби
И мрачни соништа
Кои никогаш нема да се
Остварат.
Сѐ се остварува во сонот
Каде твоите очи
Ледено, пополека се отвараат
И ги гледам иако моите се отворени
Имаат привиден блесок
И сѐ уште сјаат како неонка
Која шумно трепка
Пред да се изгасне
Но сјаат, сјаат и ме
Будат во ноќта
И тогаш сѐ ми е дено-ноќно
Светло-темно
Соништата ми се
Неостварно ставрливи
А ти,
Ти си секаде присутен
Ти си мојата бела ноќ.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.