Литература Митови и легенди

Што вели легендата за Баба Марта?

Во нашите народни преданија месецот март е претставен како баба Марта. Таа е чудна баба и исклучително непредвидлива. Така во март може да вее снег, но може одеднаш времето да се стопли и сонцето да грее како да е лето.

Во продолжение прочитајте ја кратката приказна зошто месецот март го добил името баба Марта.

Што вели легендата?

Легендата вели дека баба Марта првпат се разгневила кога римскиот крал Нума ѝ го одземал местото на прва дама во календарот. Пред неа додал уште два месеца. Токму затоа старицата станала навистина чудна. Во еден момент во нејзе се будел воениот дух на богот Марс, па така на земјата испраќала студ, а во друг момент со насмевка на лицето испраќала пролет.

Според народните верувања, баба Марта е олицетворение на пролетта, повторното раѓање. Кога на земјата испраќа снег, тоа е за да ги предупреди луѓето за нивното однесување.

Постојат различни легенди што се врзуваат со постоењето на Баба Марта. Меѓутоа сите се однесуваат на метеоролошките промени на кои таа влијае.

Познато е дека Баба Марта е еден од најстарите бугарски обичаи кои се одржува до денес. На 1-ви Март на оние кои се сакаат им се подарува приврзок „мартинка“ – кукла исплетена од црвен и бел конец кој се носи до крајот на месецот.

Црвено-белите кукли се верува дека донесуваат здравје, среќа и долг живот. Во селските средини мартинките се украсуваат со стебло од овошје за годината да биде поплодна.

Пижо и Пенда се имиња на две мали кукли од волна во Бугарија. Пижо е машка кукла обично во бела боја. Додека Пенда е женска кукла во сукња во црвена боја. Слична традиција постои и кај нас. Како и во поедини делови во Грција и Романија.

Ритуалите на симнување на мартинките се различни. Обичај е да се одбере еден ден од 1 до 22 март и зависно од тоа каков ќе биде тој ден таква ќе биде и цела година. Ако е сончев денот цела година ќе биде успешна. Ако времето е лошо таква ќе биде и цела година.

Слушнете ја детската песничка на истата тема. Прочитајте ја и легендата за Охридското езеро.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје