Skip to content

Кој е Искендер Пала и какво е неговото творештво?

Искендер Пала е роден 1958 година, во Турција и исто така е професор по поезија во Турција. Познат е како „човекот што прави да се засака диван поезијата“. Од граѓаните на неговиот роден град е избран за „Народен херој на Ушак“. Неговиот роман „Смрт во Вавилон, љубов во Истанбул“ е продаден во тираж од стотина илјади примероци и е многупати награден. Турскиот завод за патенти го регистрира Искендер Пала како име на бренд. Во 2013 година ја добива Големата претседателска награда за култура и уметност во полето на литературата.

Дела

“Шахот и султанот”, “Пламен”, “Михмандар”, “Легенда”, “Помеѓу две битки”, “Kнига за љубовта”, “Лејла и Меџнун”, “Четириесеттата порта”.

Едно од неговите најпознати дела е “Лалето на Истанбул”, чија промоција беше одржана на 15 декември 2016 година, во организација на „Прозарт медиа“ и Tурскиот културен центар „Јунус Емре“. Беше одржана во хотелот „Буши“ во Старата скопска чаршија, каде ексклузивно гостувал и Искендер Пала.

„Лалето на Истанбул“ (кратка содржина)

Сместена на крајот на Ерата на лалињата пресвртна точка во отоманската историја, кога меѓународните граници биле променети, а општествените поделби се влошувале преку испадите на расипништво кај аристократијата и зголемувањето на сиромаштијата меѓу масите, туркајќи го Истанбул кон немири и бунт. Ова е динамична приказна за двајца млади луѓе коишто во нивната потрага по љубов, се обидуваат да ја решат мистеријата на едно брутално убиство и да го вратат непроценливото лале.

Приказната е ткаена со историски и културни детали, запознавајќи го читателот со животот во кралските палати и куќичките на дервишите, со хортикултурните тајни, со иновативните третмани за лекување на лудило, со справите за мачење и со заговорите испилени во кафеаните и амамите од страна на нелојални револуционери и бандити. Искендер Пала создава маѓепсувачка таписерија на сјајот и пороците на Истанбул, во време кога светот сѐ уште бил под власта на неговите воени, политички и уметнички достигнувања.

Прочитајте и за Елиф Шафак- современа турска писателка.

Напишете коментар