Сите ние понекогаш се чувствуваме поразени и здробени од животот и неговите предизвици. Можеби имаме една рутина, која полека, но сигурно, нè води кон апатија. Сите барем еднаш сме посакале да се откажеме од работите кои ни значат, бидејќи едноставно веќе не сме можеле да го издржиме тој притисок. Кога ќе помислите да се откажете, прочитајте го текстот подолу, каде зборовите на авторката Стефани Ридс, доаѓаат како мевлем на рана.
Секогаш може да се почне од почеток
Вистината е дека честопати треба да протуркаме, дури и кога не сакаме. Треба да се протуркаме дури и кога не мислиме дека можеме. Треба да најдеме во рамките на нашата внатрешна сила да одиме напред, дури и ако нашата душа гласно нè повикува назад во нашите удобни зони.
Вистината е дека животот не е секогаш лесен. Постојат многу подеми и падови што ќе се обидат да ви кажат дека не сте доволни. Дека треба да се откажете. Дека не вредите. Но, не треба да го слушате тој глас. Вие не сте малото дете што некогаш сте биле. Вие не сте тој глас. И мора да разберете дека иако тој глас секогаш може да биде во позадината на вашиот живот, тој глас не е тој што сте вие навистина.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.