Македонското народно азно, е богата ризница на различни приказни кои изобилуваат со убавини и поуки. Една од нив е следната приказна за деца, која ни кажува дека секогаш во животот преба да бидеме храбри и да не се плашиме од предизвиците колку и истите да се тешки.
Најмалиот царски син што ја уби ламјата
Си живеел некој цар што имал четириесет синови од кои најмалиот бил јунак и најубав. Кога дошло време за женење решиле првин да го прошетаат целото царство. Царицата, како загрижена мајка, им рекла: ,,Кога ќе ги поминете оние планини, ќе ве стемни. Секаде спијте, само немојте на ливадата крај езерото.”
Тргнале царските синови, но брзо заборавиле на предупредувањето од мајка им и легнале да си спијат на ливадата крај езерото. Само најмалиот син не заборавил. Чекал, но за да не заспие, си го пресекол малиот прст. На полноќ излегла една огримна ламја со четириесет глави и тргнала да ги голтне. Но, најмалиот син излегол на мегдан со неа и ја убил. Во секоја од торбите на браќата ставил по една глава и легнал и тој да спие.
По пат најмалиот син се спријателил со тројца јунаци: Шмркни-море, Брашнојадецот и Чекор-планина. Тој им се восхитувал на јунаштвата што ги правеле, а тие му рекле дека тоа не било ништо во споредба со јунакот што ја убил ламјата. Најмалиот син им докажал дека тој бил јунакот откога ги замолил браќата да ги покажат главите на ламјата. Кога виделе јунаците му повредувале и тргнале по него.
Кога стигнале на крајот на нивното царство, чуле дека во соседното царство владеел некој цар што имал четириесет ќерки. Отишол најмалиот син со тројцата јунаци да ги побараат за браќата. Царот им поставил три услови: да издржи царскиот син цела ноќ во вжарена фурна, да го изедат сето она што ќе им го постават на трпеза и да победат во трка со најбрзиот човек во царството на царот. Во спротивно, ќе им летнела главата.
Царскиот син побарал помош од јунаците. Отишол Шмркни-море, го голтнал морето, а потоа го пуштил во фруната за да може царскиот син да влезе во неа. Кога им поставиле да јадат, сите се најале, само Брашнојадецот барал уште, а веќе им го дале јадењето од целата војска. И Чекор-планина го победил лесно противникот зашто со само три чекори стигнал до целта и се вратил назад. Газел по врвови, толку бил брз!
Видел-невидел царот, им подготвил чеиз на сите четириесет ќерки и им ги дал на најмалиот царски син и на јунаците за браќата што останале да ги причекаат. Потоа, радосни и весели, се вратиле во престолнината и направиле голема царска свадба, а царот ги поставил тројцата јунаци да владеат заедно со најмалиот син што го сторил цар.
Прочитајте и уште една поучна приказна, која ќе допре до вашата душа – Девојчето со кибритчињата.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.