Литература Мисли и цитати

Генијални цитати од Леонардо да Винчи кои ќе ве инспирираат и мотивираат

Леонардо да Винчи несомнено е дека оставил траен белег во историјата во повеќе гранки. Како непроценливо наследство се сметаат и неговите научни белешки  напишани на околу 4 000 страници. Тие по неговата смрт останале расфрлани низ бројни библиотеки и приватни колекции ширум Европа. Поголемиот дел од неговата научна работа останал непознат сè до XIX век.

Од зачуваните белешки, кои денес се објавени во повеќе изданија, може да се согледа генијалниот ум на Леонардо. Тој се занимавал со научни и технички истражувања во голем број области: архитектура, иригациони системи, географија, картографија, анатомија, ботаника, палеонтологија и еволутивна биологија, аеродинамика, акустика, музичка естетика и конструирање музички инструменти итн.

Прочитајте ги во продолжение неговите цитати кои ќе ве инспирираат.

„Сликањето е поезија која повеќе се гледа отколку што се чувствува, а поезијата е сликарство кое повеќе се чувствува отколку што се гледа“.

„Штом еднаш ќе го вкусите летањето, засекогаш на земјата ќе чекорите со очите вперени кон небото, бидејќи сте биле таму, и секогаш ќе копнеете да се вратите“.

„Одамна имам забележано дека луѓето кои постигнале нешто ретко седат и чекаат нешто да им се случи. Тие одат и им се случуваат на нештата“.

„Јас од рана возраст ја отфрлив употребата на месо, и ќе дојде време кога луѓето како мене на убиството на животни ќе гледаат како на убиството на човек“.

„Сликарот во својот ум и своите раце го има целиот универзум“.

„Ништо не го зајакнува авторитетот како тишината“.

„Човек не може да постигне помало или поголемо совршенство од совршенството на себеси“.

„Сликарот секое свое платно треба да го почне обојувајќи го целосно во црно, бидејќи сите нешта во природата се темни, освен кога ќе се изложат на светлина“.

„Уметноста никогаш не се завршува, таа само се напушта“.

„Уметникот го гледа она што другите само бегло ќе го погледнат“.

„Ништо не може да се сака или мрази пред да се разбере“.

„Најблагородното задоволство е радоста на разбирањето“.

„Колку подлабоко е чувството, толку подлабока е болката“.

„Најголемата измама од која луѓето страдаат доаѓа од нивните сопствени мислења“.

„Како што добро поминатиот ден донесува мирен сон, така и добро употребениот животен век носи среќна смрт“.

„Ги сакам тие кои се смеат во неволја, кои наоѓаат сила во болката и кои стануваат храбри со самонабљудување. Работа на ситните души е да се соберат, но тие чиешто срце е силно и чијашто совест го одобрува нивното однесување, ќе си ги следат принципите до нивната смрт“.

„Ако си сам, целосно си припаѓаш на себеси. Ако си придружен од дури и само еден придружник, ти припаѓа само една половина од себеси или дури и помалку во согласност со промисленоста на придружникот, а ако имаш повеќе придружници, ќе западнеш уште подлабоко во истата мака“.

„Спознавањето на сите нешта е возможно“.

„Оној што сака да се збогати за еден ден, ќе биде обесен во рок од една година“.

„Учењето никогаш не го исцрпува умот“.

„Ако имате трпеливост и трудољубивост, семето на посеано знаење сигурно ќе ви донесе добра жетва. Корените на доктрината се горчливи, но плодовите се слатки“.

„Има три класи на луѓе: тие кои гледаат, тие кои гледаат кога ќе им се покаже и тие кои не гледаат“.

„Полесно е да се одолее на почеток отколку на крајот“.

„Бидејќи не можеш да правиш што сакаш, сакај тоа што можеш да правиш“.

„Мислев дека учам како да живеам, а јас само сум учел како да умрам“.

„Таму каде што духот не работи со раката, нема уметност“.

„Времето останува доволно долго за оние кои го употребуваат“.

„Животот без љубов воопшто не е живот“.

„Секој добро поминат живот е долг живот“.

„Разберете дека сѐ се поврзува со сѐ друго“.

„Тој што не го цени животот не го заслужува“.

„Импресиониран сум од важноста на дејството. Знаењето не е доволно; мора да дејствуваме. Подготвеноста не е доволна; мора да го сториме тоа“.

„Добро поминатиот ден носи пријатни соништа“.

„Исто како што добар ден носи пријатни соништа, добар живот води до пријатна смрт“.

„Всушност таму каде што не постигнуваат разумните аргументи, се заменуваат со извици“.

„Во заедницата на будалите има еден дел наречен лицемери кои непрестано се лажат себеси и другите, но повеќе другите – а всушност се лажат повеќе себе“.

„Нè заблудува ослепувачкото незнаење! Ох! Беден смртници, отворете ги очите!“

„Науката е војсководец, а практиката се војниците“.

„Секогаш ќе има отворени очи и уши за тајните на другите луѓе“.

„Побарајте совет од оној кој е во состојба да се победи себеси“.

„Кога критикувате, критикувајте го мислењето, а не авторот“.

„Природата никогаш не ги крши своите закони“.

Најблагородното задоволство е радоста на разбирањето.

„Славата е во рацете на трудот“.

„Многумина имаат тагувано по заблуди и лажни чуда, измамени од толпите“.

Прочитајте ги и следниве цитати кои веднаш ќе ве натераат да земете книга во раце.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје