Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Не си мој – Ангела Додевска

Душата пустина цела,
Распарчена на илјадници дела.
Тенка кожа, со лузни рој,
Тело на кое веќе не си мој.
Заглавени спомени во дебел лој,
Накит на тело во модри бои.
Рака однесена да гали друго тело,
Необлечен фустан во бело.
Пари по кои постојано бегаш,
Срце во кое место немаш.
Оваа болка срце толку стега,
И да сакаш повеќе мене ме нема.
Солзи илјада, да напишеш песна,
Ниедна вистинска љубов не е лесна.
Очи од плачење стануваат врели,
Твоето срце кај друга се всели.
Да не си до мене, сите знаат нели,
Моево срце повеќе не се весели.

Ангела Додевска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје