Вашиот глас Литература Проза Расказ

Прошталното писмо на Ребека – Силвана Панева

Најмила ќерко, кога ќе го читаш писмото, јас веќе со сигурност летам со небеските крила на пророкот Мојсеј. Најпрво да ти повторам по стоти пат дека те сакав со целото свое душа и срце….Ќе кажеш сега дека секоја мајка своите деца неизмерно ги сака….Точно…..Сепак не можеш да ја разбереш мојата љубов, иако и самата си мајка.

Тоа може да го разбере некој што успеал да го спаси детето од логорите на смртта : Треблинка, Аушвиц, Дахау и многу други…..Сум ти кажувала за ужасите низ кои поминувавме ние Евреите, го знаеш мојот трнлив пат и не сакам да се повторувам. Најголемиот успех во мојот живот е освен што се спасивме од пеколот, немаш сеќавања од ужасите на војната. Имаше само три години а подоцна те гледав со колкава радост го живееше животот. Немој многу да жалиш по мене мила! Ние две имавме огромна среќа, подоцна разбрав дека ниту една жена и дете не успеале да се спасат од нашата барака. Од илјадници затвореници, само стотина го преживеавме Холокаустот во Треблинка.

Не знам дали се сеќаваш кога по војната отидов за последен пат во Варшава? Тогаш, жената која живее сега во нашата куќа ми го врати мојот и накитот на баба ти….Замисли, уште постојат чесни луѓе! Размислував дали да го ставам накитот во банка или да живееме живот во изобилие и богатство? Одлучив секогаш да имаме доволно за живот и да не бидеш разгалена богаташка. Најважно ми беше да бидеш чесна девојка и да ги цениш вистинските вредности во животот. Сега знам дека тогаш донесов правилна одлука. Не потрошив многу од наследеното богатство, иако велат дека туѓите пари многу лесно се трошат. Тоа не беше случај и со мене. Во банката има голема количина на дијаманти. Клучот е во фиоката од спалната соба и тој клуч веќе е во твоја сопственост. Многу сум благодарна што успеав да го вратам богатството, но тоа не може да те направи среќна.

Ниту една среќа не може да се купи со пари, треба самата да се потрудиш и да ја пронајдеш. За мене ти и твојата ќерка бевте највредните дијаманти, бев среќна со вас и на ова патување без враќање ќе заминам спокојна. Понатаму ти оставам да се носиш со судбината на дијамантите. Одлуката е твоја!

Од тебе зависи дали ќе ги потрошиш или ќе живееш нормално, и ќе трошиш само кога ти се неопходни. Не сакам да те убедувам, но никој не знаеме што ни носи животот. Рамисли добро!

Но, бидејки те познавам убаво, верувам пред да дојде твојот суден ден ќе ѝ напишеш на твојата ќерка слично писмо на моето, а таа понатаму ќе постапи според сопствените убедувања.

Те сакам!

Силвана Панева

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје