Агата Кристи, позната и како Агата Мери Клариса Милер или според псевдонимот Мери Вестмакот. Taa e плодотворна британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Се смета за “мајка” на детективските романи. Речиси никој не може да парира на нејзините мистерии. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца.
Агата учела дома, каде што нејзината мајка ја охрабрувала да почне на пишува уште од рана возраст. Кристи била одлична пијанистка, но нејзиниот страв од сцената и публиката и срамот ја спречиле да продолжи со музичката кариера. Во нејзините книги, таа ретко ја споменува музиката иако нејзините детективи Поаро и Мис Марпл покажувале интерес во опера. Кога нејзината мајка ја однела Кристи во Каиро за една зима, таа таму напишала роман.
Таа била многу охрабрена од Еден Филипотс, сосед и пријател во Торки. На тој начин таа започнала со пишувањето и издала неколку стории. Исто така Агата Кристи исчезнала во еден период од нејзиниот живот. Сопругот Арчибалд, ѝ открил на Агата дека е заљубен во друга жена, Ненси Нил, и ѝ побарал развод. На 8 декември, 1926 Агата исчезнала од дома, претходно оставајќи ѝ писмо на нејзината секретарка во коешто велела дека ќе оди во Јоркшир.
Нејзиното исчезнување предизвикало големо негодување кај јавноста, која во поголемиот дел се состоела од обожавателите на нејзините новели. И покрај масовната потрага, таа била пронајдена после единаесет дена. Потоа Агата била препознаена како гостинка во хотелот „Стар лебед“ во Јоркшир, каде била пријавена како г-ѓа Тереза Нил од Кејптаун. Агата никогаш не го образложила нејзиното исчезнување. Иако двајца доктори дијагностицирале дека страда од психогена фуга, мислењата за тоа кои се всушност причините за нејзиното исчезнување остануваат поделени.
Едно од мислењата е дека доживеала нервен слом, предизвикан од природната склоност за депресија, претходно влошена од смртта на нејзината мајка (која се случила порано истата година) и неверството на нејзиниот сопруг. Нејзин најпознат роман е „Убиство во Ориент Експрес“.
Необјавени дела
„Снег во пустина“ – романтична новела, „Личен повик“, „Жената и Кенит“ – хорор роман, „Путер во лордова чинија“ – хорор/ детективски роман, „Да се биде многу тврдоглав“ – романтична новела. Две необјавени расказ на Поаро: „Фаќањето на Серберус“ и „Инцидентот на топката на кучето“
Познати мисли од Агата Кристи кои ја содржат суштината на животот
,,Каење. Тоа е губење време.“
„Кога од сопственото искуство ќе дознаете што значи ужас, тогаш вие сте вооружени против сѐ во животот.“
„Љубовта на мајката кон нејзиното дете не може да се споредува со ништо на светот. Не познава закони, ниту сожалување. Ги предизвикува сите работи и безмилосно гази сѐ што ѝ стои на патот.“
„Никогаш не го прави сам она што некој друг може да го направи за тебе.“
„За сѐ што сакате морате да платите некаква цена.“
„Младите мислат дека старите се будали, но старите знаат дека младите се будали.“
„Сите гревови фрлаат долги сенки.“
„Сите велеа: „Следи го срцето“. Го следев. Се скрши.“
„Само луѓето кои ги сакаш можат да ти го направат животот неподнослив.“
„Инстинктот е прекрасна работа. Не може ниту да се објасни, ниту да се игнорира.“
„Кога во прашање е голема сума пари, препорачливо е да не верувате никому.“
„Човек никогаш не ги препознава вистински важните моменти во животот сѐ додека не е предоцна.“
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.