Литература Македонска поезија Поезија

И оваа бура ќе помине – Ирена Блажеска

Ќе помине

Сè ќе помине

На крајот победници ќе бидеме.

Ќе помине

И стравот во мислата

И горчината во душата

И темнината во очите

И грутката во срцето

И болката во телото.

Сè ќе помине.

Ќе се врати светот пред прагот стар

Ќе се вратат и навиките

Ќе се вратат и поимите

Сè ќе си дојде свое на своето

И ќе победиме

И тогаш триумф ќе носиме

Заедно со докторите и сестрите

Заедно со полицајците и војниците

И со аптекарите, продавачите

И со волонтерите

Сите заедно ќе аплаудираме

Овој пат рака за рака

Пред светот гордо ќе застаниме

Овој пат сплотени

Овој пат човечни

Дека можеме ќе докажеме

Дека сакаме ќе покажеме

Сплотени низ бурата ќе лутаме.

И пак ќе речам

Сè ќе помине

Болеста на 21 век

Минато ќе постане

Ќе замине без враќање

Како слика скршена на парчиња

Како зрак удавен во невремето

Како дамка испливана

Како магија исфрлена.

Сè ќе помине

Потребно е само да издржиме сè

Храбри да бидеме пред сите

Достоинствени пред природата да останеме

За човештвото да продолжиме да чекориме.

Ирена Блажеска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје