Skip to content

Кога платното говори

   ,,Велам, застани за миг… Погледни длабоко во трагите на четката, и ќе слушнеш како платното говори. Говори приказни, осамнати и скриени под боите, во боите, за боите. ”

   Илија Пенушлиски – македонски сликар кој градовите ги пренесува на платно, истите и ги обожува. Ликовна академија завршува во Белград, таа далечна 1971 година. За потоа пост-дипломски студии да заврши на Прат, институтот во Њујорк. Зад себе има бројни изложби во странство и кај нас. Пред точно една година се претстави со својата нова изложба под наслов ,,Градот” која вбројува 39 дигитални графики.

   Притоа одбрав три негови дела кои ви ги пренесувам како мое лично доживување преку пишаниот поетски збор.

 

Познавав еднаш, еден град

Кој боемите ги хранеше

Портите ги бранеше

Познавав еднаш, еден град

Од камен направен

Од личен, по личен сторен

Познавав еднаш, еден град

Во кој, канделабрите не згаснуваат

Не испраќаа со часовите ситни

Познавав еднаш, еден град

Строен со сите салтанати

Вековни му беа градби

Познавав еднаш, еден град

Секој ќош и калдрма помината

Во него приказна раскажува

Го познавав и сакав тој град

Сега само името му го љубам

И духот загубен таму некаде

по полето скопско


 

Каде си ти застанал, кај гајле бараш

В` ладовина, та градовина модерна

Над челични зданија и стаклени чудесии

Полјана бараш, полјана в` умот мислиш

Думај, гледај, не оди

Остани и посакај силно

Посакај да, корени пуштиш

Предци ти дрво засадиле

Предци ти абер оставиле

Абер за Ускуп града

Замижи и помисли на аксиосот

На гардот под калето


Кој сум, што сум

Што лик сум

Лик налик страдалник,

ли сум?

Се гледаме со зрцалото

Тоа мене, јас него

Двамата намуртени

Двамата насмеани

среќни, та тажни

Кој кого гледа

Кој е стварниот

кој измислениот

лик

Дал јас или тој

спроти мене

Напишете коментар