Ноќта се ѕвезди во жена …
Месечината пасе над темната
река. Мојата нежност
Би сакал некому да ја дарам
Вријат желбите како млади вина
Љубовта нежно ја бранува крвта …
Сонува покрај мене тишина
на нејзиниот глас милина.
Би сакал да го видам тој поглед зелен
избоен од далечнa ведрина.
Таму над реката паси
сребрен елен на месечината.