Занимливости и информации Митови и легенди Римска митологија

Легендата за Гвиневир и Сер Ланселот

Која била Гвиневир?

Гвиневер била сопруга на Артур, легендарниот крал на Велика Британија. Таа е позната заради артуриската љубовна романса со неговиот витез Сер Ланселот.
Во раната велшка литература, Gwenhwyvar била „првата дама на британскиот остров“. Во Historia regum Britanniae (почетокот на 12 век) на Галфрид Монмутски таа беше именувана како Guanhumara и беше претставена како римска дама. Во некои записи се сугерира дека таа е втора сопруга на Артур.

Рани традиции

Уште во раните традиции нејзината личност се поврзува со киднапирање (и неверство). Според Vita Gildae од крајот на 11-от или раниот 12-ти век, таа била грабната од Melwas, кралот на Aestiva Regio за да биде подоцна спасена од Артур и неговата војска.

Дворска литература

Гвиневер најпрво се претстваува како една од главните ликови во делата на Кретјен де Троа и Мари де Франс (пишуваше околу 1160-1215 г. н.е.). Двајца провансалски поети поврзани со Елеонора од Аквитанија (г. 1122-1204 г. н.е.) и нејзината ќерка Мари де Шампањ (л. 1145-1198 г. н.е.). Елеонор и нејзината ќерка биле покровители на голем број поети кои пишуваа во жанрот дворска литература. Тој е високо рафиниран поетски жанр на средновековната литература со вистински романски концепт на силни жени со јасно дефинирани карактери. Еленор и Мари биле најверојатно модели за голем број од овие жени. Кретјен (чиишто покровител била Мари) во својот вовед во неговиот роман „Ланселот или витезот од кочијата“ вели дека приказната му ја раскажала Мари, која му рекла да ја преточи во поезија.

Ланвал на Мари де Франс

Ниту едно од делата на Мари де Франс не може да биде точно датирано. Не е можно да се каже дали нејзината поема Ланвал претходела на Ланселот на Кретиен. Веројатно е дека поемата на Мари е напишана подоцна затоа што таа честопати ја превртува централната парадигма на дворска љубов (во која на жената и треба маж за да ја спаси) . А жените се спасуваат себеси, мажот или обајцата. Во нејзината поема, главниот лик е Ланвал, витез на дворот на Артур, кој заминува откако се чувствува навреден и влегува во светот на самовилите каде се сретнува со нивната принцеза. Двајцата се вљубуваат и тој поминува извесно време таму пред да почувствува дека треба да се врати на дворот. Принцезата го тера да се заколне дека ќе ја чува нивната љубов во тајност.

Гвиневир била мрачна заводничка

Назад на дворот, Ланвал е заведен од Гвиневер, која е прикажана како мрачна заводничка, неверна на кралот. Ланвал ја одбива и таа го обвинува за кукавичлук, а потоа и за хомосексуалност затоа што никој „вистински маж“ не може да ја одбие. Ланвал чувствува дека мора да ја чува својата чест затоа што е за вљубен во принцезата на самовилите. И не смее да го скрши заветот. Гвиневер, во заплетот, земен од приказната на Џозеф во библиската Книга Битие, трча кон Артур и го обвинува Ланвал дека се обидел да ја заведе. Артур го апси Ланвал и му се суди. Се чини дека ќе биде осуден и, иако ја повикува својата принцеза од бајките, не очекува помош од неа откако го прекрши заветот. Во последен момент, таа се појавува и го спасува, привлекувајќи го зад себе на нејзиниот коњ и тргнувајќи кон нејзиното царство.

Ланселот на Кретјен де Троа

Во Ланселот на Кретјен , Гвиневер е киднапирана од лордот Мелигант. И е заклучена во висока кула. Витезите на Артур го бркаат, и тој го јава неговиот коњ толку силно што тој умира и мора да продолжи пеш. Сретнува едно џуџе кое вози количка и му вели дека ќе го однесе кај кралицата ако тој даде согласност да се вози во количката. Бидејќи количките биле поврзани со криминалци и луѓе од пониска класа, Ланселот се двоуми, но брзо се согласува. Потоа, тој бил понижуван во текот на целото патување до земјата на Мелигант затоа што се вози во количка. Но конечно стигнува до Гвиневер и се обидува да ја спаси.

Таа го одбива, бидејќи тој се двоумел дали да дојде со количката, односно ја ценел својата репутација и чест повеќе од неговата посветеност кон неа. Ланселот тогаш мора да ја освои со тоа што прво губи од недостојни противници на турнир, а потоа на крај победува кога добива поддршка од Гвиневер. На крајот, тој го убива Мелигант и ја ослободува кралицата. Која пак го наградува со љубезна прегратка во јавноста.

Томас Малори и Le Morte d’Arthur

Другите писатели ја земаа приказната на Де Троа . Првиот беше Сер Томас Малори во Le Morte d’Arthur. Кај Малори кралот Артур скоро доброволно замижуваше на љубовта помеѓу Гвиневер и Ланселот. Со тоа почна да ја губи довербата на неговите витези, кои кога видеle дека Артур не може да управува со својата сопруга и најблиските пријатели се прашувале како можеше да владее со кралство?

Според Малори, кралот Артур на крајот ја осудил кралицата на смрт со горење на клада. Остатокот од приказната е добро позната, со тоа што Сер Ланселот ја спасува и тие бегаат заедно. Артур и Ланселот се степале покасно,, и на крајот Гвиневер ќе заврши во манастир како што на почекот напишал Галфрид Монмутски .

Прочитајте ја го и митот за Франкус, основачот на француската династија.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје