Skip to content

Недостижна – Гане Тодоровски (видео рецитација)

Гане е еден од поетите чијашто поезија најмногу сум ја рецитирала. За денес изборот е „Недостижна“ извадок од истоимената збирка.

Клик на видеото подолу за да ја чуете. Направете и subsrcibe на YouTube каналот за да бидете во тек со сите видеа.

Пријатно слушање!

Недостижна
Се свлекуваш! Со ритам божествен. Привлекуваш.

Во поза на слеп среќник што прогледал пак.

Во очи ми се матиш ко сноп од божилак.

Од восхитот мој крик очекуваш?

Ти прилегам на извор секнат со години што жеднее;

Чекаш да се разгрготам, да бликнам...

И под сеницата на денот залезно што бледнее

Сите минувачи задумани на гозба да ги викнам.

За да го возвеличиме од нога мигов редок

Кога на дневен ред неодложно љубовта е

Точка единствена – а јас пак неоти сум сведо.

На некакво новораѓање – сам на себе предок

И наследник! – Вдаден попреку божествен мост

Со зарек да те следи до крај, до изнеможеност.

Прочитајте ги и стиховите со наслов „Прилог кон недостижна“! Чуете ја и рецитацијата за стиховите со наслов “Опомена“ од Десанка Максимовиќ.

Напишете коментар