Грчка митологија Литература Митови и легенди

Кутијата на Пандора – мит за тоа како настанале сите зла во светот

Старогрчка митологија е збир од митови и легенди на старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од религијата на стара Грција.

Денешните научници со своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот.

Ова е мит за тоа како настанале сите зла на светот.

Кутијата на Пандора

Откако Прометеј им го дал огнот на луѓето, Зевс решил да се одмазди.

Тој му наредил на Хефест да ја создаде првата човечка жена од почва и вода.

Секој бог ѝ дал подарок на жената: Атина ѝ дала мудрост, убавина ѝ дала Афродита, лукавство ѝ дал Хермес и така натаму.

Името на жената било Пандора (што на грчки значи „сите подароци“)

Зевс ѝ дал тегла на Пандора, предупредувајќи ја да не ја отвора под никакви околности и ја испратил кај братот на Прометеј, Епиметеј. Прометеј го предупредил својот брат да не прифаќа никакви подароци од Зевс.

Сепак, Епиметеј ја прифатил Пандора, која иако многу се обидел да му одолее на искушението, ја отворила теглата и ги ослободила сите зла на светот.

Веднаш биле ослободени омразата, војната, смртта, гладот, болестите и сите непогоди.

Прочитајте ја и легендата за мечот во каменот на крал Артур.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје