Занимливости и информации Културни настани

Поетско-ликовната манифестација по повод илјада години Бигорски манастир ќе се одржи утре

На крајот од месец август и во текот на овој месец по повод илјадагодишнината од постоењето на Бигорскиот манастир таму се случуваа низа настани.  Меѓу нив се вбројуваат спортски подвизи, научна конференција, промоција на книгата „Вековит Светилиник“ од проф. д-р Вера С. Антиќ.

Во Бигорскиот манастир утре напладне во организација на МаБиХ – Македонија ќе бидат промовирани книгите „Свештена бигорска обител“ и „Нашите празници“ од група автори, уредена од Вера Благојевиќ – Самарјанин и „Муабетење со умот“ од Нада Алексовска.

Сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин создаде пригодна слика по повод илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот манастир „Св Јован Крстител“.

На сликата доминира бројот 1.000. Тоа се златни бројки создадени од акрил на хамер со ширина од 1.000 милиметри и висина 500 милиметри. Во нулите се сместени т.н. два уметнички цветни крстови, а во средината во нулата е македонскиот крст. Сите четири страни се со бордура со златни цветни рози. Сликата ќе биде врамена со златна рамка, изјави за Поповски – Цветин. Сликата, ја работел повеќе денови, и е негова креација и идеја.

Уметникот вели дека откако ја созадал сликата, прво ја однел во црквата „Св. Јован Крстител“ во скопската населба Капиштец, а потоа пред редакцијата на „Нова Македонија“. Потсети дека соработува со најстариот весник во земјава „Нова Македонија“ и додаде оти златната рамка е од нив. Цветин вели дека сликата утре на пладне ќе му ја предаде на бигорскиот старец и игумен, Епископот Партениј, за кога е предвидена и промоцијата на три книги.

На поетско-ликовната манифестација по повод илјада години Бигорски манастир предвидено е да настапат доајенот на нашата забавна музика и кантавтор Драган Мијалковски со „Песна за Патрикот“, оперската пејачка Серафина Фантаузо, а ќе бидат прочитании делови од книгите.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје