Skip to content

Факти за Стивен Кинг, американска хорор икона кој рекол дека авторите ги гледа како незаменлив ресурс

Стивен Кинг, мајсторот на хоророт е доста инспиративен и плоден автор. Може да послужи како пример на многу писатели кои сакаат да постигнат врвни достигнувања.

Прочитајте ги во продолжение следните факти за него.

1. Многу од романите и расказите на Кинг се направени големи филмски хитови, ТВ филмови и мини серии. Несоодветно за многу автори, тој нема проблем што филмовите според неговите дела се одалечуваат од оригиналот.

2. Во 2003 Националната литературна фондација на Кинг му го додели Медалот за докажан придонес во американската литература.

3. Во интервју за Amazon.com, Кинг вели дека книга која би сакал да е напишана од него е Lord of the Flies на Вилијам Голдинг.

4. Тој е еден од најпродаваните писатели во светот. И финансиски најуспешниот хорор писател во историјата. Кинг е американска хорор икона од највисок ред.

5. Има напишано неколку книги под псевдонимот Ричард Бахман и еден краток расказ, „Петтата Четвртина“, како Џон Свитен.

6. Кинг е голем фан на Џон Д. МекДоналд и му го посвети својот роман “Sun Dog” нему со зборовите „Ми недостигаш, стар пријателе.“ МекДоналд напиша убав предговор за Night Shift, а неговиот познат лик, Тревис МекЏи, ја читаше Cujo во еден од неговите последни романи и Pet Sematary во последниот роман, The Lonely Silver Rain.

7. Си поставува секој ден квота од 2000 збора и не престанува да пишува додека не ја исполни.

8. Продадени се повеќе од 350 милиони копии од романите и колекциите на раскази на Кинг. Многу од неговите приказни се адаптирани во филмови, телевизија и други медиуми.

9. Во 1987 издавачката куќа на Кинг Philtrum Press издаде роман на Дон Робертсон, The Ideal, Genuine Man. На првата страна од книгата, Кинг напиша, „Дон Робертсон еден од трите автори што ме инспирираа кога бев млад кој сака да “стане“ писател (другите двајца се Ричард Матесон и Џон Д. МекДоналд).

10. Кинг некогаш ги спомнува ликовите и настаните од Хобитот и Господар на прстените на Џ.Р.Р. Толкин. Книгата на Роберт А. Хајнлајн The Door into Summer се спомнува во Wolves of the Calla на Кинг.

11. Во едно интервју на Кинг, објавено во USA Weekend во март, 2009, авторот вели, „Луѓето гледаат кон авторите како незаменлив ресурс. И јас исто. Елмор Леонард, секој ден кога се будам – не сакам да бидам морбиден или слично, иако морбиден ми е животот до одреден степен – ако не ја видам неговата посмртница во весник, си помислувам, Супер! Сигурно работи некаде. Ќе напише нова книга, а јас ќе имам уште една книга за читање.„ Зошто ако го нема него, нема никој друг.

Прочитајте ги и фактите за Хорхе Луис Борхес.

Напишете коментар