Занимливости и информации На денешен ден Писатели и поети Странски автори

Делата на Стивен Кинг преточени во различни уметности

Стивен Едвин Кинг, роден на денешен ден во 1947 г. е американски писател на современа хорор, научно фантастична, фантастична литература и сценарија. Продадени се повеќе од 350 милиони копии од романите и колекциите на раскази на Кинг, а многу од неговите приказни се адаптирани во филмови, телевизија и други медиуми. Кинг е познат по тоа што има око за детали, за континуитет и внатрешно обраќање. Многу приказни што се чинат неповрзани се поврзуваат со секундарен лик, фиктивни градови, или надворешно обраќање на настани во претходни книги.

Дејствија во книгите

Многу од дејствијата во книгите на Кинг се случуваат во Мејн, иако најчесто на фиктивни локации, посебно градот Касл Рок. (Во Касл Рок беше дејството на The Body кога романот беше адаптиран за сценариото на Роб Рајнер. Тој оформи продукциска компанија, Castle Rock Entertainment, која оттогаш има продуцирано и други адаптации на Кинг како Dolores Claiborne, Hearts in Atlantis, The Shawshank Redemption и The Green Mile.)

Книгите на Кинг се полни со показатели на американската историја и култура, особено помрачната, пострашната. Овие показатели главно се вртат околу приказните на ликовите, често како објаснување на нивните стравови. Некои показатели вклучуваат криминал, војна (особено војната во Виетнам), насилство, натприродното и расизмот. Кинг е познат по своето народно, неформално раскажување, често обраќајќи се на своите фанови како „Константни читатели“ или „пријатели и соседи.“

Стил на пишување

Овој познат стил е во контраст со страшната содржина во многу од неговите приказни. Кинг има едноставна формула за убаво пишување: „Читај и пишувај четири до шест часа на ден. Ако немаш време за толку, не очекувај да станеш добар писател.“

Тој има и едноставна дефиниција за талентот на пишување: „Ако напишеш нешто за кое некој ти пратил чек, ако го извадиш чекот и е вистински, и ако ја платиш сметката за струја со тие пари, јас те сметам за талентиран.“

Адаптации

Во октомври 2005, Кинг потпишал со Marvel Comics да издадат 7 дела, минисеријал од The Dark Tower насловен The Gunslinger Born. Серијалот што се фокусира на младиот Роланд Дешејн, е во сценарио на Робин Фурт.  Со дијалози на Питер Дејвид и илустрации на добитникот на Ајснер награда Џае Ли. Првото издание било објавено 7-ми Февруари, 2007. Кинг, Дејвид, Ли и главниот уредник на Марвел Џо Квесада се појавиле на полноќното делење автограми на промоцијата во продавницата за стрипови во Тајмс Сквер, Њујорк. Делото се продаде во преку 200,000 копии до март 2007.

Влијание

Од објавувањето на Carrie, јавната свест за Кинг и неговите дела се искачи на високо ниво.  Неговите дела станаа популарни како „Зоната на Самракот“ и филмовите на Алфред Хичкок. Како еден од најпродаваните писатели во светот и најфинансиски успешниот хорор писател во историјата, Кинг е американска хорор икона од највисок ред. Книгите и ликовите на Кинг опфаќаат основни стравови на толку уникатен начин што неговите дела станаа синоними за некои клучни идеи за жанрот.

Кинг го нарече Ричард Матесон „авторот кој го инспирирал највеќе за пишување.“ Двата автори понекогаш ги интегрираат мислите на ликот во раскажување во трето лице. Само една од неколкуте паралели на нивните стилови на пишување. Во најновото издание на The Shrinking Man на Матесон, Кинг вели: „Хорор приказна ако некогаш постоела…голема авантура – со сигурност е една од оние што ги одбирам со полна рака и им ги давам на луѓето, завидувајќи им на првото читање.“

Кинг е фан на Х.Ф.Ловкрафт и го спомнува неколкупати во Danse Macabre. Влијанието на Ловкрафт се гледа кај Кинг во бизарното, античките богињи, раскописи и документи како наративни направи. Измислените три англиски града Jerusalem’s Lot, Castle Rock и Derry – потсетуваат на Arkham, Dunwich и Innsmouth на Ловкрафт. Кратката приказна на Кинг „Crouch End“ е експлицитна почит. Исто и дел од Cthulhu Mythos циклусот на Ловкрафт.

Споредба на стиловите на пишување

Во „Gramma“ , расказ која потоа се префрли и во филмот во 1980-те во антологиското хорор шоу The New Twilight Zone, се спомнува познатата фиктивна креација на Ловкрафт Necronomicon. Исто така позајмува имиња на многу други ликови користени таму. „I Know What You Need“ од 1976 од колекцијата Night Shift и Salem’s Lot исто имаат некои позајмени имиња. Друга почест за Ловкрафт има во расказот на Кинг „Jerusalem’s Lot,“ со која почнува Night Shift.

Кинг за нијанса се разликува од Ловкрафт по сконцентрирањето на обемната карактеријализација и природниот дијалог, кои ги нема во пишувањето на Ловкрафт. Во On Writing, Кинг ги критикува вештините на Ловкрафт за пишување на дијалози. Исористил пасуси од The Colour Out of Space како очигледно лоши примери. Има и неколку примери каде Кинг ги спомнува ликовите на Ловкрафт во неговите дела, како Nyarlathotep и Yog-Sothoth.

Влијанието на Едгар Алан По

Едгар Алан По има забележително влијание за пишувањето на Кинг. Во The Shining, фразата „И црвената смрт се наведна врз сите“ може да се слушне како “И Смрт и Гнилеж и Црвената Смрт неограничено завладеа со сите” од „Маската на Црвената Смрт“. Романот „Dolan’s Cadillac“ има тема скоро идентична на „The Cask of Amontillado од По“, која користи парафраза од познатиот говор на Фортунато, „за љубовта божја, Монтресор!“

Во The Shining, Кинг го нарекува По „Големиот американски тркачки коњ“. Кинг покажува влијание и од Брам Стокер. Посебно во неговиот роман ‘Salem’s Lot, кое тој го гледа како прераскажување на Дракула. Неговата расказ „Jerusalem’s Lot“, потсетува на Стокеровата The Lair of the White Worm.

Кинг исто така го има покажано своето восхитување кон, помалку славен автор: Ширли Џексон. Salem’s Lot почнува со фраза од Џексоновата The Haunting of Hill House. Тони, замислен лик од The Shining, има голема сличност со еден друг лик со исто име од Hangsaman на Џексон. Почетната сцена во Storm of the Century е базирана на Џексоновата The Lottery. Лик во Wolves of the Calla ја спомнува книгата на Џексон We Have Always Lived in the Castle.

Критики

Иако најчесто критиките за Кинг се позитивни, тој понекогаш се наоѓа во костец со академиците. Уредниците за научна фантастика Џон Клут и Питер Николс се полни со пофалби за Кинг, алудирајќи на „зајадливата проза, остриот слух за дијалог, целосно опуштен, искрен стил, заедно со неговата страсна и жестока осуда на човечката глупост и злоба (посебно кон децата) коишто го прават еден од најиастакнатите популарни писатели.“ Во анализите на неговата хорор фантастика од пост-Втората Светска Војна, The Modern Weird Tale (2001), критичарот С.Т. Џоши посветува поглавје за Кинг.

Џоши рекол дека најпознатите дела на Кинг (неговите натприродни романи), се неговите најлоши, опишувајќи ги како подуени, нелогични, сентиментални. Покрај овие критики, Џоши рекол дека од Gerald’s Game (1993), Кинг ги поправил повеќето од своите грешки, со пишување на книги поопуштени, повеќе веројатни и подобро скроени.

Џоши истакнува дека и покрај неговите недостатоци, Кинг речиси сигурно пишува остроумно за маките и радостите на адолесценцијата. И има напишано неколку прекрасни приказни.

Награда за животно дело

Во 2003, Кинг беше почестен од Националните Литературни Награди со награда за животно дело. Односно Медал за докажан придонес во американската литература. Неговата работа е опишана како: Пишувањето на Стивен Кинг е во целост вкоренето во американската традиција што го слави духот на ова место и почитта на моќта на раскажувањето. Тој твори стилски, умосвиткувачки листачи на страници што содржат морални вистини–некои убави, некои страшни–за нашите внатрешни животи. Оваа награда го прославува докажаното место на Г-н. Кинг во светот на читатели и љубители на книги од сите возрасти.

Реакции за наградата

Некои од литературната заедница изразија несогласување: Ричард Снајдер, поранешен извршен директор на Simon & Schuster, ги опиша делата на Кинг како „нелитературни“, а критичарот Харолд Блум го осуди изборот:

„Одлуката да се даде годишната награда на Националните Литературни награди за„докажан придонес“ на Стивен Кинг е неверојатна, уште еден удар на шокантниот процес на глупавеење на нашиот културен живот. Го опишав Кинг во минатото како писател на неделни романчиња, но и тоа е премногу. Тој нема ништо заедничко со Едгар Алан По. Тој е само еден неизмерно не адекватен писател по основа на реченица по реченица, параграф по параграф, книга по книга“.

Некои го одбранија Кинг, како писателот Орсон Скот Кард, кој одговори: Дозволете да ве уверам дека делата на Кинг се и те како литература, бидејќи е напишано да се објави и е читано со восхит. Снајдер всушност сака да каже дека не е литература преферирана за литературната академска елита.

Краток коментар на Роџер Еберт за филмот „Тајниот прозорец“

Во рецензијата на Роџер Еберт за филмот од 2004 Secret Window (Тајниот Прозорец), тој вели „Многу луѓе се налутија зошто Кинг беше крунисан на Националните Литературни Награди, како популарен автор што не може да се сфати сериозно. Но откако открив дека неговата книга On Writing има многу поучни и внимателни работи кажани за занаетот повеќе од која и да било книга од The Elements of Style, на Странк и Вајт, го пребродев мојот снобизам.

Во 2008, Книгата на Кинг On Writing беше одбрана од Entertainment Weekly како една од “Новите класици: 100-те најдобри книги од 1983 до 2008. On Writing беше рангирана 21-ва.

Листата на награди коишто Стивен Кинг ги има добиено е предолга.

Прочитајте го писмото во кое Стивен Кинг бил одбиен од издавач и потсетете се на објавата со неговиот твит во кој порачува да не се споредува пандемијата со содржината во неговото дело The Stand.

 

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје