Занимливости и информации Културни настани

Томислав Османли за книгата раскази „Парадоксикон“ го доби Рациновото признание за 2020

Томислав Османли за книгата раскази „Парадоксикон“ го доби Рациновото признание за 2020 кое ќе му биде врачено на претстојните 57. Рацинови средби. Тие  ќе се одржат на 25 и 26 септември во Велес, градот на Рацин  Ова е одлуката на жири комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година. Жирито во состав на академик Катица Ќулавкова, претседател и членовите Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ – Стојковска одлучи да му припадне на писателот Османли за неговата најнова книга во издание на „Виг Зеница“ од Скопје.

„Во ‘Парадоксикон’ Томислав Османли ја дава својата фантастична визија на тревожната современост која како што самиот вели не престанува каприциозно и парадоксално да нè населува“, посочуваат од комисијата.

Томислав Османли е автор на 28 книги: три романи, осум збирки раскази, три книги теорија, повеќе книги драмски текстови, две книги филмски сценарија, две книги за деца, две книги есеи и на голем број меѓународни објави. Прозните текстви и книги му се објавувани и на англиски, руски, француски, српски, грчки, словенечки, бугарски, хрватски, полски и романски, арапски, хебрејски, турски, италијански и други јазици.

Добитници на Почесното Рациново признание за 2020, пак, како што беше соопштено од организацискиот одбор на Рацинови средби уште на 20 мај, се проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска. Истото се доделува за афирмација и популаризација на македонската литература и култура надвор на границите на земјава.

Инаку 57. Рацинови средби ќе се одржат на 25 и 26 септември на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес. Таму ќе им бидат врачени и Рациновите признанија на овогодинешните добитници. Организаторите најавуваат дека сите настани ќе бидат одржани според протоколите и мерките за заштита од ширење на Ковид-19.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје