Занимливости и информации Културни настани Сликарство Современа уметност Уметност

Во рамки на фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ ќе се одржи изложба на илустрации од Димитар Кондовски

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој ќе се одржи од 14 до 19 октомври на повеќе локации, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство.

Кога ќе биде отворена изложбата?

Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“.

За време на настанот ќе бидат организирани повеќе работилници на кои деца на различна возраст ќе имаат можност да се едуцираат. Како и да ги запознаат и истражуваат делата на Кондовски. Тие ќе креираат и свои приказни инспирирајќи се од делата на Кондовски.

Културата е еден од најзначајните елементи за развој на здраво општество. Таа мора да постои и да функционира во сите прилагодливи форми. Во моментов, светот се соочува со многу предизвици, но јас сметам дека токму уметноста е таа која може да им помогне да ги надминат емоционалните аспекти на кризата.

Искрено, се обидуваме да поттикнеме развој на квалитетна литература за деца, и од визуeлен и од содржински аспект, бидејќи децата од мали нозе треба да научат што е вистинска култура и како да ја препознаат“ – вели Софија Семенпеева, директор на „Ефектива“.

Која е целта на фестивалот?

Д-р Дита Старова-Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, истакнува дека ѝ претставува особено задоволство што оваа институција ќе биде домаќин на Фестивалот. Особено во однос на изложбата на еден сегмент од творештвото на великанот Димитар Кондовски (1927-1993) кој е посветен на најмладите.

Кондовски, во својата грандиозна творечка кариера како сликар, сценограф, дизајнер, дописен член на МАНУ, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, е една од најзначајните фигури за развојот на македонското современо сликарство во 60-тите години на минатиот век, а изложбата на илустрации е соодветен вовед кон ретроспективната изложба на  Кондовски што ја подготвува оваа установа.

Фестивалот „Литера“ го имаше своето прво издание во април минатата година. Се одржа во просториите на Музејот на современата уметност во Скопје. Таму се одржаа многу значајни дискусии, работилници и изложба на илустрации значајни за развојот на квалитетната литература за деца.

Поради пандемијата со Ковид-19, годинешното издание на фестивалот е поместен за оваа есен. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 18 октомври на повеќе локации, меѓу кои Даут-пашин амам и Мала станица.

Изложбата ќе биде организирана под посебен протокол во однос на заштитните мерки против Ковид-19.

Извор

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје