Литература Македонска поезија Македонски автори

Во собата на Урошевиќ – Ивица Антевски

Сам во собата

потпрен на тешката фотеља

Урошевиќ ја прелистуваше

дебелата книга на нејзините

црвени корици со златни

букви беше испишано surrealisme

професорот промрмори нешто

што нам ни беше претивко

го слушнавме само неколкупати

она негово карактеристично Р

 

На ѕидот молчеа Бретон и Бодлер

сам во собата Урошевиќ

навистина беше редок фраер*

 

*според Александар Кирковски

 

(извадок поезија од стихозбирката „Облаци или пена за бричење“)

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје