Клиничка психологија Психолошко катче Совети

Кој е еден од најважните моменти во психотерапијата?

За разликата помеѓу психолог, психијатар и психотерапевт пишувавме во оваа статија. Денес како главна тема е насловот на овој текст во вид на прашање. Дали сте се запрашале кој е еден од најважните моменти при посета на психотерапевт?

Прочитајте во продолжение за да дознаете.

Еден од најважните моменти во психотерапијата е оној кога клиентот конечно ќе сфати дека “никој нема да дојде“. Што всушност значи ова? Дека никој нема да дојде и да го поправи неговото детство, ниту да го направи среќен. Никој нема да дојде за да го спаси. Ако сака да го подобри својот живот мора нешто да направи сам.

Прочитајте го примерот кој е раскажан од искуството на еден психотерапевт.

Еден ден, за време на групна терапија клиент со воочлива смисла за хумор забележал:

„Секогаш ни говорите дека никој нема да дојде. Но, вие дојдовте!“

„Тоа е точно“, признал психотерапевтот.

„Но дојдов само за да ви кажам дека никој нема да дојде.“

Што може да се заклучи од овој краток навидум хумористичен дијалог помеѓу психотерапевт и клиент?

Дека вистински се имаме само себе. Без оглед со колку луѓе сме опкружени, никој не може во наше име да ги решава нашите проблеми. Никој не е одговорен за нашата сопствена среќа, па и несреќа. Никој нема да ни помогне како што можеме самите да си помогнеме . Точно е дека треба да се побара помош, убаво е кога има некој да подаде рака, да каже некој утешен збор. Но накрај пак остануваме сами, со сопствените мисли и грижи.

Силата да ја пронајдеме во себе, заради себе. Бидејќи никој нема да дојде да го направи тоа место нас. Никој нема да дојде, прегрнете го своето присуство. Не чекајте некој да ве “спаси“, да ви ги олесни нештата. Вие го можете тоа сами. Имате доволно храброст и смелост да го направите тоа.

Покрај сознанието дека психотерапевтот е потребен за да ве ислуша, да му се отворите и да донесе некаков заклучок клучен момент е прифаќањето дека контролата е во ваши раце. Кога ќе се сфати моментот “дека никој нема да дојде“, исто така треба да е сфатена и поентата на посета на сеансите. Односот психотерапевт-клиент треба да е задоволителен, двете страни да покажат разбирање, толеранција и да одржуваат убаво ниво на комуникација. Психотерапевтот да ги следи и почитува етичките кодекси и правила, а клиентот да ги знае сопствените права. Ако не се задоволат овие клучни критериуми, тогаш ниту сеансите нема да дадат задоволителни резултати кај двете страни.

Дознајте и кои видови на однесување се токсични и треба да се избегнуваат.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје