Далечински експеримент

Далечински експеримент

На луѓе кои проникливо гледаат низ прозорците

Но не можат да погледат подалеку од носот

Каде е далечината се прашуваат?

Не знаат ни за далечина ни за експеримент,

А камоли за поглед?

Далечно е за нив сѐ

Како ѕвездите кои не можат да ги дофатат

Но мислат дека им блештат очите како ѕвезди.

Замрзнало нивното срце

Никој не може да затопли

Она што се заладило

Она што суетно се приковало

Со ѕвездите

Мислејќи дека се негови

Она што не го допира ни

Нивната топлина

Ни нивната сјајност

И извештачено сјаe

Како неонка која блешти

Но не може да ја замени

Светлината на Сонцето

Не допираат до ничие срце

Не ја препознаваат ниту една насмевка

Но сакаат да бидат луѓе кои

Подаваат рака во далечината.

Кои се тие?

Луѓе кои живеат без блискост,

Без љубов,

Без човечност.

Оние кои живеат во

Далечински експеримент.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!