Литература Проза

Во секој од нас се крие херој

Пред некој ден ме прашаа дали верувам во херoи. Ме прашаа зошто немаме херои во секојдневниот живот и зошто има толку многу злосторства во светот.

Ме прашаа зошто немаме Спајдермен или пак Супермен во секојдневниот живот.

Зошто никој не ги спасува луѓето кога ќе западнат во дупката на злото.

И навистина нивните зборови ме замислија. Но всушност, ако подобро размислам, знам дека во светот има херои.

Ви тврдам дека има.

Има луѓе што сè уште ги спасуваат другите. Ги спасуваат од давењето во нивите сопствени емоции. Ги спасуваат од чудовиштата во нивната глава. Има луѓе кои сè уште знаат да ја вреднуваат подадената рака и знаат да подадат рака. Има такви луѓе, што кога си со нив и да е облачно, тебе ти се чини дека времето е соnчево. Супермен, и Спајдермен ги имаме и во секојдневниот живот.

Тоа сме сите ние. Секој еден од нас

Луѓето кои се борат со анскиозност, депресија, со други опасни болести. Луѓето кои секојдневно ставаат насмевка на нивните лица и покрај тоа што бура им беснее во душата. Луѓето кои се однесуваат како ништо да не допира во нив иако сите рани на нивната душа ужасно ги печат.  Луѓето кои секое утро стануваат и повторно и повторно се соочуваат со работи кои можеби не им се допаѓаат и од кои сакаат да избегаат, некаде далеку за да не може никој да ги пронајде. Луѓето кои знаат да ислушаат, кои оставаат парички во кутијата на бездомникот, луѓето кои ќе ве прашаат како сте.

Хероите се обични луѓе, со големо срце. Со душа која разбира и рака подготвена секогаш да помогне.

Можеби тешко ги забележуваме, но тие се појавуваат во оној миг кога ни се најпотребни и токму нив Бог ги праќа во нашите животи.

Херој е секој човек што ќе го сретнеш на улица. Хероите се вистински и навистина тие го прават светот поубаво место за живеење.

Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје