Споделуваме една песничка за деца извадок од малата збирка„Да нема војни“ од поетот за деца, сатиричар и хуморист Ненад Џамбазов. Според мене сите негови песни се безвременски.
Уште во текот на моето основно образование првпат дојдов во допир со неговото творештво. Оваа, како и сите други негови песни секогаш ќе ме потсетуваат на моите рани учебни почетоци.
Даб, бука и јавор
знаете ли вие,
во листопадни дрвја
ги сметаме ние.
Есен штом ќе дојде
паѓа листот злат,
птиците-преселници
се готват за пат.
Кога надвор ветрот
по патишта соли,
натажени стојат
со гранките голи.
Напролет ќе бидат
зелени и вишни,
птиците ќе градат
во нив гнезда скришни.
Ненад Џамбазов
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.