Времето не ти вреди,
ако одиш во лоша насока,
ако си изгубена,
не љубена.
Пробај…
Земи еден лењир.
Стави лист хартија на маса.
Постави го лењирот на хартијата.
Секој милиметар нека биди година од твојот животот.
Види на кој прв милиметар се сеќаваш.
Постави вертикална линија.
Маркирај со црно – лош милиметар.
Маркирај со црвено – добар милиметар.
Собери ги ги лошите милиметри.
Запиши го збирот.
Собери ги добрите милиметри.
Запиши го збирот.
Сега застани на тековната година.
Види се во иднината. До кога вака?
На тој милиметар стави вертикална линија.
Изброј колку добри милиметри би можела да имаш.
Запиши го збирот.
Залепи го листот хартија на огледало и погледни се.
Исплакни си го лице со студена вода.
Не се мачи во математиката на животот.
Свари си кафе, освести се, доведи се,
изгубиго времето со добар милиметар,
за да ти вреди секој миг.
Ќе врни дожд…од љубов.
Искрено,
Твојот добар милиметар.
Виктор Кадинец