Литература Проза

Мирисот на крајот

Не го сакаше мирисот на крајот.

Крајот секогаш го поврзуваше со мириси и бои. Со тешки мириси, како мирис на некоја хемикалија која ги труе внатрешните органи, како што тоа го правиме со разделбата.

Така и крајот го труе срцето, ја повредува душата па дури и ако се спасиш некако, остава големи трауми и длабоки траги. Крајот го поврзуваше со црна боја. Бидејќи после крајот, нема што понатаму, велеше. Нема што да се стори ако за нешто е крај.

Тоа е како една патека, која сепак завршува со провалија. А уште потажно е кога луѓето си заминуваат, кога се разделуваат без збогум. И тогаш се вели дека кога тие ќе си го завртат грбот, и кога ќе го направат првиот чекор во нивниот нов живот, сепак позади нив оставаат крвави траги на копнежот. И тие траги, ниедно невереме не може да ги избрише, ништо не може да ги уништи.

,,Не се збогувавме. Ене ги, онаму се трагите, остатокот од нашата разделба”, рече и погледна кон небото низ прозорецот. Забележа еден облак. Со прстот го погали стаклото. Почна да плаче. Да липа. ,,Многу е тежок товарот што останува во човековото срце. Да стои како артефакт, како потсетник дека некогаш, во некое време, на некое место, живеела една голема љубов.”

Автор: Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје