Занимливости и информации

Леонардо да Винчи не спиел многу, а секогаш бил одморен благодарение на една неверојатна техника

Треба да се има на ум дека сонот е од исклучителна важност за правилно функционирање на организмот. Како и за одржување квалитетен живот.

Сонот кој се состои од повеќе фази често се поврзува со еден од најинтелигентните умови во светот на уметноста и предводникот на ренесансната ера, Леонардо да Винчи. Нему му требало многу време за да ги развие своите идеи, а него често го немал. Сакал да го искористи максимално времето за работа, а минимално за спиење.

Овој негов план значел “разбивање“ на нормалниот период на ноќен одмор на неколку делови, односно повеќе фази, што довело до пракса од спиење неколкупати во текот на денот. Така Винчи спиел по 15 минути на секои четири часа.

Како резултат на ова, спиел само час и половина во еден ден. Времето кое го заштедил на одмарање почнал да го користи за креативна работа. Да Винчи рекол дека ја користел оваа метода во текот на многу години од својот живот и никогаш не се почувствувал уморен.

Познато е дека во физиолошка смисла, најпродуктивно време за работа и креативноста е проследено со период на сон. Тоа е време кога капацитетот на некои индивидуи за работа е посебно висок. Прекинувајќи нечие будно време на секои четири часа во кратки периоди на одмор доведува до зголемен капацитет за работа, што е изедначена последица од ваквото одмарање.

На еден странски портал поставен е примерот на оние кои со години поминато во вежбање и експериментирање на тие што го следеле примерот на Винчи.

Во продолжение ги претставуваме варијациите од повеќефазен сон

1. Спиење 30 минути на секои 6 часа (dymaxion метод)

2. Спиење 20 минути на секои 4 часа (uberman метод)

3. Спиење ноќе 1.5-3 часа и потоа трипати во текот на денот по 20 минути (everyman метод)

4. Спиење ноќе 2 часа и еднаш попладне 20 минути (tesla метод)

5. Спиење ноќе 5 часа и 1.5 часа попладне (siesta метод)

Сепак, треба да се има на ум дека секое тело различно функционира, а различните типови повеќефазен сон не е за секого!

Важна напомена: не го пробувајте ова на своја рака, не се препорачува да се крати сонот вака на делови за ниедна возрасна група.

Ние само го презентиравме примерот кои некои луѓе го испробале следејќи го примерот на Да Винчи. Напоменуваме дека квалитетниот сон е клучен за убаво функционирање, од минимум 6 до 8 часови ноќно спиење. Ова е само еден личен експеримент на кој се изложиле одредени поединци.

Може да се каже дека ваквиот распоред има смисла во пократок период кога имате премногу работа, но не е да се применува секогаш. Сонот е драгоцен за умот и телото.

Прочитајте ги и следниве факти за меморијата.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје