Skip to content

Предлог книга за деца – 24 часа во Еднорозија од Јасмина Кантарџиева Димков

Малата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра-близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче. Случајно ја откриваат чудесната, таинствена земја Еднорозија во која живеат еднорози, самовили и волшебникот Моли. Многу одамна, злобниот принц Нолад фрлил страшна магија врз оваа прекрасна земја и оттогаш нејзините жители се заробени во неа.

Додека групата извидници трага низ планината по нашите пријатели Дева, Дина, Јан и Путерче, тие, пак, соочени се со многубројни предизвици што треба да ги совладаат, три гатанки што треба да ги одгатнат и три книги што треба да ги пронајдат за да ги спасат жителите на Еднорозија.

А, обидите за спас уште повеќе ги отежнуваат тројцата научници – господинот Шол, господинот Верг и господинот Адулбаз (нивните презимиња прочитај ги наназад за да откриеш какви се тие). Тројцата научници ја напаѓаат Еднорозија, верувајќи дека еднорозите го кријат лекот за бесмртноста…

Митолошкото животно со елегантен и нежен изглед, но истовремено силно и супериорно, еднорогот, во романот за деца „24 часа во Еднорозија“ е лик преку кој е претставена природата и преку кој ние го согледуваме нашиот актуелен однос кон природата. Според христијанската имагинација, еднорогот може да биде припитомен од девица, која е симбол на чистината. Легендата вели дека ако неговиот рог е отсранет, тој ќе умре.

 

Децата ги обожаваат еднорозите и ќе ја обожаваат оваа прекрасна книга за деца!

 

Напишете коментар