Времето на големи испарувања ќе мине
Зборот самиот себе ќе се одболедува
Радоста на пешачењето ќе се возобнови
Повраток во коренот врвот ќе најави
Силни дождови ќе наидат
и плодноста што боли
Во слободен воздух
штрек на векови носам
Ќе останат моите песни
единствени преживеани свидетели.
Радован Павловски
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.