Литература На денешен ден Странски автори

Конфучиј – кинескиот филозоф кој нѐ учи дека суштината на секој човек е човекољубието

Конфучиј (кин. „Кунг фу-це‘“, лат. Confucius; (28 септември 551 – 479 п.н.е.) — прочуен кинески филозоф, основач на конфучијанството е роден на денешен ден. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по своето учење во која основна црта е „жен“ (човечност). Роден е во Ќуфу, во тогашната држава Лу.

Важност на позитивна работа и здрав разум

Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката филозофија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј ѝ отвора врата на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се „Зборови и мисли“ на Лун-ји, „Златна средина“, „Возвишена наука“ итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.

Име  и семејство

Во Кина, Конфучиј обично се именува како Учител Кунг.

Македонската транскрипција на Конфучиј или потекнува од латинската транскрипција на неговото име, Confucius, која ја направиле Исусовците во XVI век.

Според традиционалното верување, Конфучиј се родил на 28 септември 551 г.п.н.е. во местото Ќуфу во државата Лу, во денешната провинција Шандунг.

Неговиот татко, војсководецот Шулианг Хе потекнувал од благородно семејство од државата Сунг, кое по распадот на државата се преселило во државата Лу. Војсководецот Шулианг имал 66 години кога се родил Конфучиј, а неговата мајка само 15. Овој брак не бил според обредните прописи од тоа време, според кои маж постар од 63 години не смеел да стапува во брак. Кога татко му починал, Конфучиј имал само 3 години, па самохраната мајка го одгледала во сиромаштија.

Бил надзорник и министер за правда

Кога имал 19 години, Конфучиј се оженил со Чи Гуанше и со неа имал син, на кој му го дал името Ли (во буквален превод крап) и прекарот Боји. Конфучиј работел како чиновник во државата Лу, како надозрник на царското богатство и како надзорник на магацинот со царската стока. Одредено време работел и како министер за правда, односно врховен судија на државата Лу. Функцијата министер ја напуштил поради несогласувањата со владетелот и поради тоа што подоцна не можел да напредува во државната служба. Во педесеттата година од животот, поради нови проблеми со царскиот двор, ја напуштил држаната служба во целост и заминал на пат низ кинеските држави, подучувајќи ги обичните држави и владетелите. Во доцните години, се вратил во државата Лу, каде продолжил да учителствува. Починал на 4 март 479 г.п.н.е.

Бил традиционален, но и оригинален учител

Во збирката со афоризми Лун-ји (Конфучијанско читање), Конфучиј вели дека тој е само пренесувач и толкувач на старите знаења. Во времето на распадот на робовладетелското општество, многубројните војни и создавањето на феудализмот во Кина, тој како своја должност ја земал реафирмацијата ан старите општествени и морални вредности. Сепак, тој не може да се смета за конзервативен учител, бидејќи низ своите толкувања на старите записи, често давал сопствени идеи за политиката и моралот, кои биле нови и оригинални.

Конфучијанството не се смета за религија

Исто така, и покрај тоа што Кинезите често се придржуваат кон конфучијанските обичаи на религиозен начин, конфучијанството не се смета како религија, бидејќи речиси воопшто и да не е засегнато со теолошките и духовните прашања, како оние за Бог, за задгробниот живот и слично.

Конфучијанската етика е строго рационална, јасна и бескомпромисна во поглед на разликите меѓу легалното и моралното. Неговата етика претставува директен претходник на Кантовиот категорички императив и ја содржи истата максима во своето објаснување. Етиката се заснова на три концепти: обреди, правилност и човекољубие.

Суштината на секој чоек е човекољубие

Според Конфучиј, суштината на секој чоек е човекољубие, односно жен. Човекољубието е материјална суштина на човечката должност кон другите и се манифестира преку совесноста кон другите, преку верноста или преку човекољубието, односно обѕирот. Единствено човекот кој се придржува кон човекољубието може правилно и во целост да ги извршува своите должности он другите.

2 важни аксиоми

Аксиомата на совесноста кон другите гласи:

„Ако сакаш себеси да се воздигнеш, воздигни ги другите.“

Аксиомата на човекољубието гласи:

„Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе.“

Овие две начела, во Кина се познати како начело на применување на правилото, каде човекот се користи самиот себеси како единствено мерило за регулирање на сопственото однесување.

Најдобар и најморален човек е оној човек оној кој постапува од човекољубието, врз основа на исправност.

Морално правилна постапка (според Кант морална) е онаа која е направена од чиста моралност и должност, како единствен мотив. Секоја друга постапка, која е направена од корсит може вредносно да се одреди како добра или како лоша, но не е суштински морална (според Кант легална). Разликувајќи ги овие две постапки, Конфучиј рекол:

„Благородниот човек ја разбира правилноста, а малиот човек ја разбира користа.“

Политика

Конфучиевите мисли се темелат на неговата етика и идејата за општествените односи, земајќи го примерот на Војводата од Џоу како совршено доблесен владетел.

Конфучиј, општествените односи ги поделил на пет главни, под кои може да се сврстат сите останати. Тоа се односите меѓу владетелот и поданиците, меѓу таткото и синот, мажот и жената, постариот и помладиот брат и односот меѓу пријателите. Првите четири се карактеризираат со праведност и добронамерност во управувањето и искреност и правилност во однесувањето. Односот меѓу пријателите треба да се карактеризира со меѓусебно унапредување и рутина. Со тоа, многу е важно влијанието и примерот на владетелот. Соодветниот однос кон родителите, постарите и претпоставените е наречен синовска благочестивост.

Во склад со ова, одново се протолкувал и односот кон претолкуваното је и однос кон мандатот на Небото, односно потеклото и суштината на царската власт. Конфучиј ја подржувал идејата за царски апсолутизам, но вовел и разни формални ограничувања но владетелското самоволие. Меѓу другото, се сметало дека во рамките на почитувањето на надредениот, подредениот има обврска да го посоветува, доколку овој не постапува правилно.

Конфучиевиот ученик Менг-це од овие мисли ја извел својата политичка теорија, според која владетелот кој не се однесува како што му доликува, според неговата положба, тој може да го изгуби мандатот од Небото и да биде симнат од престолот. На тој начин се оправдува убиството на тиранот и овозможен е формален легитимитет на смена на династијата.

Конфучиј го опишал својот живот на следниот начин:

На петнаесет години започнав да учам, на триесет одев со цврсти чекори по патот на знаењето, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ги познавав само законите на небото, во шеесеттите разбирав сѐ што ќе слушнеше моето уво, во седумдесеттите, следејќи ги желбите на моето срце, не прекршив ниедно правило.“

Прочитајте ги 8-те животни вистини од Лао-це: „Бидете она што сте!“

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје