Вашиот глас Литература Проза

Никогаш – Ирена Блажеска

Никогаш не прозборев колку силно те посакувам, никогаш не ти раскажав за моите соништа, за тебе во мојот свет, за тоа колку ми значиш и колку ми требаш. Никогаш не ти кажав колку планови имав, но не ги остварив. Можеби требаше со тебе, така беа замислени, заедно, заедно да чекориме и да ги оствариме. Никогаш не ти раскажав за погледите, моите, твоите, нашите…Тие беа едно, но никогаш не го пронајдоа заедничкиот пат, ти не дозволи.

Не прозборев ни за допирите кои ми ја скокоткаа душата најсилно, но беспотребно. И знаеш…никогаш не кажав ништо, никому па ни тебе, а сакав да викнам силно и да раскажам сè. Молчев, молчев од страв да не те изгубам иако никогаш не те имав. Чмаев низ деновите со полна уста но празно срце, само затоа што не сакав да бидеш далеку, не сакав да бидеш таму каде што не сум јас. Затоа никогаш не направив ништо, оставив на случајностите кои ме изневерија. Никогаш не ми дадоа шанса за надеж која ја чекав иако знаев дека одамна ја изгубив. Иако знаев дека таа одамна се откажа од моите сни. Но знам, иако знам дека сè остана против мене, јас продолжив да се борам знаејќи дека битката ја изгубив уште на почетокот, тој почеток кој ветуваше крај, крај за нас.

Ирена Блажеска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје