Skip to content

Митот за Прометеј

Прометеј е грчки митолошки јунак, син на титанот Јапет познат и како Еуримедон и нимфата Климена. Прометеј имал три брата Атлант, Епиметеј и Менојтиј. Во војната против Титаните, тој бил на страната на Зевс.Прометеј е познат по тоа што се смета по грчката митологија дека на луѓето им го дал огнот со кој ние денеска се служиме и ни е неопходен во нашиот живот. А според некои тврдења нему му се придава и делото на создавање на човекот.

Бил миленик на Зевс

Прометеј бидејќи бил миленик на Зевс живеел добар и удобен живот и бил заштитен од боговите. Долго време живеел среќно и кога поодминале години Зевс, кој веќе ги имал создадено луѓето, му било жал да ги гледа да живеат без неколкуте потребни дарови со кој животот ќе им биде поубав. Но Зевс не сакал да им ги даде сите потребни нешта на луѓето и затоа го испратил Прометеј да им даде некои нешта потребни во секојдневниот живот.

Прометеј ги научил луѓето да зборуваат и прават оружја

Прометеј луѓето ги научил да зборуваат, да се разбираат меѓу себе, да прават оружја од камен и од некои поцврсти ресурси, ги научил и да ги употребуваат, исто така ги научил да лекуваат со билки ги научил кои се отровни растенија и што треба да се јаде од растенијата а што од животните и уште многу други работи. Зевс кога го видел тоа малку се налутил, бидејќи им дал на луѓето толку многу неоткриени работи дотогаш непознати за луѓето.

Прометеј сакал да им даде огнот

Зевс сакал даровите да им се даваат постепено а некои да не им ги даде воопшто плашејќи се дека тогаш луѓето ќе станат непослушни. И тогаш го викнал Прометеј и му рекол да престане да им дава дарови на луѓето. Но Прометеј иако и тој бил човек не им го дал уште огнот еден од најважните дарови. Не се помирил со таа помисла сè додека не им го дал огнот на луѓето. На Прометеј му текнало дека богот Хефест работи со оган и решил да го украде од кај него. Отишол скришум и го зел и им го дал оганот на луѓето и им кажал како се пали оган и како се користи.

Зевс го казнил Прометеј

Зевс бил разлутен од ова што го видел и се почуствувал измамен. Решил да го измами Прометеј и да го казни и тоа да му биде како поука за уште еднаш да не го мами врховниот бог. Се симнал и му рекол да му принесе жртва за даровите кои му ги дал на луѓето. Прометеј ја сфатил Зевсовата одмазда и решил да го насамари. Заклал еден вол и во кожата од волот ги ставил лојот и сланината, а другиот дел го ставил во коските на волот и му рекол: „Пресветол Зевсу, одбери го делот кој те привлекува. Зевс го одбрал делот во кој биле завиткани лојот и сланината и се почуствувал измамен и се вратил на Олимп.

Го заробил на планината Кавказ

Прометеј се радувал бидејќи го насамарил Зевс. Зевс му наредил на Хефест да го зароби Прометеј на планината Кавказ. Тогаш Хефест му наредил на своите помошници Кратос и Бија, односно Моќта и Силата да го приковаат на Кавказ. Тие го фатиле и го приковале Прометеј.

Тогаш Зевс радосен ја довршувал својата одмазда. Пратил и орел да му го клука црниот дроб секој ден и откако орелот си заминувал дробот повторно зараснувал.

Го ослободил Херакле

Една ден кога Херакле трагал по златните јаболки го ослободил и го убил орелот и на Прометеевото место го ставил кентаурот Хирон кој бил бесмртен. Под прстенот на Прометеј имало камче од карпите на Кавказ на кои бил заробен и на тој начин Зевс бил среќен мислејќи дека Прометеј живее прикован на планината Кавказ и одтогаш го сметал за еден од најголемите непријатели. Прометеј останал да живее со луѓето и сепак бил сакан од некои други богови а Зевс го мразел засекогаш. Така завршува митот за Прометеј кој му се спротиставил на семоќниот Зевс за да им помогне на луѓето.

Напишете коментар