Занимливости и информации Поучни приказни

Поучна приказна за еден келнер и скржавоста на писателот Џек Лондон

Во една кафеана во едно мало место се собирале жителите за пијалак и разговор. Измеѓу останатите се собирало и едно помало друштво на локални пијаници кои вечерите ги поминувале со алкохол и расправии за реинкарнација.

Меѓу нив бил и Џек Лондон (писател) кој поминал низ долга расправија за тоа како во текот на реинкарнација исти луѓе можат да се најдат на исто место после сто години. Една вечер на Џек Лондон му било ред да чести и сè до затворање на кафеаната нарачувал пијалак за сите.

Пред затворање младиот келнер му пришол и побарал да ја плати сметката. Тогаш прочуениот писател инаку познат дека е тежок на паричник, прашал: – Дечко, дали знаеш ти кој сум јас?

 – Секако дека знам господине Лондон.

– Дали знаеш за што разговаравме овде во оваа кафеана јас и моите пријатели?

– Знам господине Лондон, зборувате за реинкарнација и за тоа како истите луѓе се наоѓаат на исто место после сто години.

– Бидејќи сè убаво знаеш јас радо ќе ти ја платам сметката кога повторно ќе се сретнеме овде после сто години.

На тоа келнерот му одговорил:

– Но господине Лондон, вие истото ми го рековте пред стотина години!

Воодушевен Џек Лондон ја платил сметката и му оставил богат бакшиш на младиот келнер.

Поука: Мудроста може да ве извади од секоја неприлика.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна за кралот кој го пронашол човекот од доверба.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје