Литература Проза

За тебе што е љубов?

,,Посакувам да можам да те сакам како што ти ме сакаш мене”, рече.

,,Тогаш сакај ме. Зарем е толку тешко на дело, а толку лесно на зборови?” прашав и го прострелав со поглед.

,,Не можам да ти ја подарам истата љубов со која ти секојдневно ме опсипуваш. Јас немам таква душа драга. Знаеш дека немам срце за да сакам. Но за тебе се приврзав на некој чуден начин”, рече и ја избриша солзата што патуваше низ неговиот образ.

,,Разбирам. Понекогаш не можеш и да ја очекуваш од другиот истата љубов што ти ја подаруваш. Не може секој човек да сака на ист начин. Некој сака со молчење, некој со солзи, некој со насмевки. Љубовта е широк поим. Но секој може да сака. Дали ти навистина бегаш од љубовта?”разочарано прашав обидувајќи се да го прочистам грлото од солзите што се насобираа како купишта ѓубре пред канта за отпадоци. Мразев што повторно бев ранлива на ист начин на истата тема.

Колку и да болеше морав да ја прифатам вистината која полека, но сигурно почна да го соборува моето срце. Вистината дека не секој е подготвен да ја даде истата љубов, како што јас сум подготвена тоа да го сторам.

Љубовта е релативна работа. Различни луѓе на неа гледаат на различен начин. Нашето сфаќање за истата, некогаш знае да биде многу поразлично од сфаќањето на другиот.

Но тоа не го менува фактот дека таа е најубавото нешто што постои на овој свет.

Викторија Саздовска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје