Занимливости и информации Мисли и цитати

16 цитати од Јован Дучиќ: „Сè што е длабоко на дното изгледа темно и невесело“

Јован Дучиќ (Требиње, 15 февруари 1874 – Гери (Индијана), 7 април 1943) е српски и југословенски писател, поет и дипломат. Еден од најзначајните поети на српскиот модернизам и најзначаен лиричар. Бил еден од основачите на Народна одбрана, национална невладина организација во Кралството Србија.

Прочитајте ги во продолжение неговите најпознати цитати.

1. Кој не ја барал смислата на животот, тој не живеел. Но кој ја барал, тој никогаш не бил доволно среќен.

2. Кој верува дека е среќен тој е навистина среќен.

3. Најмногу се сакаат оние луѓе кои имаат иста добрина, а најмногу се мразат оние кои имаат исти маани.

4. Не треба пријателот да се цени по правдата туку по срцето.

5. Некој остарува како злато и мрамор, а некој како чевли.

6. Нема ниеден остарен крал кој не би се согласил да биде обичен млад поручник.

7. Голема несреќа е кога човекот не знае што сака, а вистинска катастрофа е кога не знае што може.

8. Женатa не сака љубов која увидува туку која се досетува.

9. Жената најмногу ве сака кога има што да ви простува, а не вие нејзе.

10. Човекот е заљубен само во убавината, било да е реална или вообразена, било да е телесна или духовна.

11. Љубовта е и доказ за интелигенција, бидејќи човек без идеја и просјак без воспитување не можат да бидат заљубени зошто љубовта е најголема мудрост и префинета душевност.

12. Во љубовта не страдаат луѓето што се со меко срце туку напротив, најчесто страдаат баш оние кои наместо срце ја внесуваат својата груба себичност, свирепа желба да освојат и потреба деспотски да завладеат.

13. Само во љубовта и смртта луѓето можат да се изедначат, и последниот да го стигне првиот.

14. Сè што е длабоко на дното изгледа темно и невесело

15. Кога младоста би ја имала филозофијата на старецот на светот не би имало ниту еден сончев ден.

16. Многу млади жени се горди на своите квалитети, но многу малку остарени жени на нивните квалитети се посетуваат со преголема гордост.

Прочитајте ги и следниве мисли од Иво Андриќ.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје