Занимливости и информации Странски автори Факти

Неколку интересни факти за францускиот надреалист и комунист Луј Арагон

Прочитајте неколку интересни факти за Луј Арагон, француски поет, романсиер и есеист кој бил политички активист и портпарол на комунизмот во Франција.

1.Луј Арагон бил роден на денешен ден, (3 октомври) 1897 година во Париз, како Луј Андрије.

2.Пораснал со својата мајка и баба, верувајќи дека тие му се сестра и мајка. Татко му на Луј бил женет и 30 години бил постар од мајка му, па така Луј пораснал со убедување дека тој човек му е кум, а не татко.

3.На деветнаесет годишна возраст ја дознал вистината, пред да тргне како војник да се бори во Првата светска војна. Ниту мајка му ниту татко му не верувале дека синот ќе се врати од војната жив.

4.Тоа што татко му никогаш не го признал оставило длабока трага на поезијата на Арагон во годините што следувале.

5.Од 1919 до 1924 година, Арагон се приклучил на движењето дадаизам, активно дружејќи се со париските дадаисти.

6.Со Андре Бретон во 1924 година станал еден од основачите на надреалистичкото движење , и оттогаш го употребувал своето литературно име Арагон.

7.Во текот на 20-те години заедно со цела група надреалисти се приклучил на Комунистичката партија на Франција.

8.Во текот на 1930 година го посетил Советскиот Сојуз и од 1933 година неговата посветеност на партијата го води до раскинување со надреалистите, кое кулминирало со Светскиот конгрес на писатели за одбрана на културата (1935 година), каде што жестоко му се спротивставил на неговиот пријател Андре Бретон.

9.Од 1933 до 1944 Арагон го напишал романот „Реален свет“ во четири тома, каде ја опишал историската перспектива на класната борба.

10.Со соцреализам продолжил да се занимава и во следните дела, а потоа создал три романи што се своевидна биографија поврзана со комунистичкото движење. Покрај тоа пишувал и патриотски песни, кои ги објавувал во текот на Втората светска војна, но и љубовна поезија посветена на својата жена Елза, сестра на Љиља Брик (љубовницата на Мајаковски), со која се оженил во 1939 година.

11.За време на војната, Арагон станал член и на Движењето на отпорот, а пишувал и за еден илегален весник. Во последните поеми често се навраќал на сеќавањето од тоа движење.

12.Станал еден од најважните комунистички интелектуалци, а од 1950 година станал и член на централниот комитет на партијата. Покрај новинарските активности, поврзани главно за неговото политичко дејствување, Арагон во текот на 50-те години станал водач на Обединетите француски издавачи, кои објавувале француски и советски автори.

13.По смртта на сопругата Елза во 1970, Луј Арагон ја напуштил и издавачката куќа и се вратил кон надреализмот. Во последната деценија од животот објавил уште два романи.

14.Починал на 24 декември 1982 година, а погребен е покрај својата сопруга во паркот на својот имот.

Можете да ги прочитате фактите за Томас С.Елиот овде

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје