Занимливости и информации Литература Поучни приказни Проза

Поучна приказна: Не е сè така како што изгледа дека е

Еден млад и еден постар ангел тргнале на пат. Веќе паднал мрак кога одлучиле дека сепак мораат негде да преноќат. Стигнале до една господарска куќа и прашале дали можат да преноќат. Газдата на куќата ги примил и ги ставил во подрум за таму да преспијат. Наутро кога се разбудиле, младиот ангел забележал дека дупката што била на ѕидот повеќе ја нема. Го прашал стариот ангел каде исчезнала дупката, а постариот одговорил дека ја заѕидал таа дупка. Ангелите се спакувале и полека тргнале да го продолжат својот пат.

Следната вечер повторно морале да бараат преноќиште. Во близина била мала селска куќа и тие пошле таму да прашаат дали можат да преноќат кај нив. Постариот човек со голема радост ги примил во куќата. Старата баба подготвила за јадење сè што имале во куќата, да ги угости нивните гости. Кога дошло време да се спие, стариот домаќин им рекол на гостите да легнат во нивните кревети, а тој и бабата дека ќе се снајдат.

Така и било. Двата ангели легнале да спијат и кога наутро станале, ја виделе бабата како плаче. Ја прашале што се случило, а таа им кажала дека им умрела една крава. Младиот ангел помалку налутено го прашал стариот ангел зошто не им помогнал и на овие добри луѓе, кога така убаво ги примиле. А на оние кои ги оставиле да преноќат во подрумот им заѕидал дупка во ѕидот.

На тоа стариот ангел рекол: „Гледаш, на оние што им ја заѕидав дупката го направив тоа бидејќи во неа имаше злато, не сакав да го најдат бидејќи не го заслужуваат. Додека кај овие добри луѓе ноќеска дојде смртта да ја однесе старата баба, па јас му ја дадов кравата наместо нејзе. Знаеш, не е сè така како што ни изгледа дека е.

Прочитајте ја и оваа поучна приказна за келнерот и скржавиот писател.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје