Мотивација Психолошко катче

Колку малку е потребно за среќа?

Среќата е непресушен извор на инспирација за пишување, за создавање. Таа е опеана во многу песни, во литературни дела. Претставувана е и во сите останати уметнички дела и различни видови уметност. Толку блиска до нас, а невидлива. Ја чувствуваме, но не можеме да ја видиме. Нешто како љубовта, како тагата и болката.

Дали животот е невозможен и неподнослив без среќа? Одговорот на ова реторичко прашање секој си го пронаоѓа во себе. За среќа е потребно навистина многу малку.

Некогаш се потребни две очи во кој гледаш цел универзум и една топла прегратка

А некогаш покрај тие две очи уште еден пар мали трепкави очиња кои светкаат од радост кога ќе те видат.

Некогаш е потребна една мила и пријатна насмевка, некогаш дури и од непознат случаен минувач

Насмевките се бесплатни и не чинат ништо, а прават огромна разлика. Секогаш обидувајте се да си нацртите по една на лицето, дури и кога не ви е до смеење. Веднаш ќе се чувствувате поубаво и со позитивна енергија.

Некогаш е потребен топол збор и поддршка која ти покажува колку некому значиш

Не ги штедете искрените зборови кои зрачат со поддршка, бидејќи токму тие некому се потребни да ги чуе во тој момент. Тие можат да бидат причина за некој да погледне од друг агол на нештата, за да сфати дека не е сам и дека може да биде подобро. Критиките некогаш се крајно непотребни, посебно ако нема од нив никаква полза.

Некогаш она што треба за среќа е едно пладне во тишина и пријатна удобност сам/а со себе во соба со книга и/или музика

Веќе имаме пишувано колку книгите позитивно влијаат врз човечкиот мозок, според направените истражувања. Истото важи за музиката, тие можат да бидат спас од депресија, и убаво бегство од реалноста. Едноставно музиката и книгата се лек за сè.

Некогаш она што треба за среќа е танцување, пеење, игра со мали дечиња, уживање во омилената шолја кафе или чај, а некогаш не е потребно апсолутно ништо. Освен сознанието дека денес си се разбудил и имаш покрив над глава, топол оброк и чисти алишта. Да бидеме благодарни за она што го имаме, бидејќи некој ни тоа го нема.

Некогаш она што треба за среќа е откривање на сопствената вистина и трагање по вашето вистинско јас. Вистината треба само да ја побарате, за на површина да излезе она што сте вие, она по кое сте уникатни.

Прочитајте и кои знаци покажуваат дека сте создадени за големи дела!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје